6.8 C
Скопје
17:14 - 18 декември, 2024

КАКО КАМЕЛЕОН: Новите симптоми и четирите фази на Ковид-19

Коронавирусот е вистински камелеон. Ова е утврдено од страна на швајцарските медицински лица во написот објавен во научното списание „Swiss Medical Weekly“, објавено од „Зидојче Цајтунг“ и „Шпигел“, пренесува Дојче Веле. Особено во групата со најголем ризик – старите лица – вирусот често предизвикува атипични симптоми, пишуваат двете германски публикации и го цитираат случајот на Кристијан Никел.

Овој 83-годишен пациент имал болка во градите откако паднал. Компјутерската томографија откри воспаление на белите дробови, а тестовите покажаа дека пациентот е болен со KОВИД-19. Во исто време, Никел немал ниту треска, ниту кашлица.

Овој случај укажува на тоа дека инфекцијата може да остане неоткриена или откриена само случајно. Затоа научниците веќе се фокусираат на деталите на болеста – со знаење дека типичните симптоми не се секогаш сигурен критериум. Општо земено, со КОВИД-19 се забележани четири фази.

Прва фаза: Инфекција

Капките се еден вид „такси“ за коронавирусот – вака „Шпигел“ го илустрира ширењето на инфекцијата. Капки плунка или други секрети од заразено лице се шират во воздухот со кивање, кашлање или зборување, паѓање на површини или директно на лицето на друго лице, каде што вирусите продираат во телото преку мукозните мембрани на устата, носот и очите. Таму, тие ги „преземаат“ клетките од организмот домаќин и ги репрограмираат во вистински фабрики за нови вируси. Така инфекцијата се шири низ целото тело. И овде, доаѓа имунолошкиот систем.

Втора фаза: Почеток на болеста

Имунолошкиот систем го чука алармот, температурата на телото се крева и телото се обидува да го исфрли вирусот со кашлање. Потребно е во просек 5-6 дена помеѓу времето на инфекција и појава на болеста. На германскиот институт Кох биле испитани 67.000 лица за да се покаже следниов процент на симптоми: 52% кашлица, 42% имаат треска, 22% имаат течење на носот. Следи дека околу половина од пациентите ниту кашлаат, ниту имаат треска. Во помал процент, беа пронајдени други симптоми: растројство, гадење, останување без здив, болки во грлото, главата или екстремитетите, губење на чувството за мирис. Особено е важно да се препознае болеста уште од најраната фаза, затоа што луѓето кои не знаат дека се болни, брзо го пренесуваат коронавирусот.

Трета фаза: Одлучувачки момент

Првите денови по почетокот на болеста се клучни. Ако имунолошкиот систем преовладува и го запре ширењето на вирусите, тогаш пациентот ќе покаже само благи или умерени симптоми и на крајот ќе заздрави. Досегашното искуство во Германија покажува дека само 14% од случаите влегуваат во болница. Опасноста доаѓа кога имунолошкиот систем не успева да го запре вирусот и тој влегува во белите дробови. Таму, патогенот може да предизвика белодробно воспаление, кое кај некои пациенти се развива поволно. Во другиот дел, сепак, недостасува кислород во крвотокот и срцето треба да работи поинтензивно за да се справи со проблемот. Ова создава сериозна опасност, особено за лицата со срцеви заболувања.

Друга опасност е таканаречената „супер-инфекција“ кога бактериите се инфилтрираат во воспаленото ткиво на белите дробови. Во најлош случај, ваквите случувања можат да доведат до смрт на пациентот. Статистичките податоци покажуваат дека потребни се во просек 18 дена за смрт. Сè уште е тешко да се каже кој процент на заразени луѓе умираат, бидејќи точниот број на носители на вирусот е непознат. Во Германија денес се случуваат 1.607 смртни случаи на 100.000 случаи на докажана болест КОВИД-19. Во другите земји процентот е поголем.

Четврта фаза: Заздравување

Податоците од Кина покажуваат дека со блага или умерена болест, телото се обновува за околу две недели. Во тешки случаи, закрепнувањето може да трае 3-6 недели. Кога ќе заврши работа имунолошкиот систем, антителата се создаваат како „сведоци“. И ако коронавирусот се обидува повторно да навлезе во телото, тие знаат како да го заштитат. Барем за некое време.

The post КАКО КАМЕЛЕОН: Новите симптоми и четирите фази на Ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....