-3.2 C
Скопје
03:30 - 23 декември, 2024

Како и зошто судијата милионер е дел од антизападната кампања?

Милионерот Владимир Панчевски, до скоро претседател на Кривичниот суд, човек против кого има кривична пријава за влијание врз судски одлуки, експонент на „сваровски судството“ во режимот на Груевски, се вклучи во црната антизападна кампања. Некој ќе каже дека тоа и не е некое посебно изненадување и дека овој лик од мрачните искуства со заробеното судство во Северна Македонија само реагира соодветно на неговиот „сваровски“ код.

Можеби со право некој ќе каже дека нема зошто да се троши „електронско мастило“ на онлајн-коментарите на Панчевски против најновите супероценки за македонските реформи во пресрет на можната одлука да почнат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ. Веројатно би имал право секој што ќе каже дека Владимир Панчевски е вчерашна приказна од македонското правосудство, особено по неговото разрешување во декември минатата година. Тој повеќе не е судија, а за истрагите околу неговите „подземни“ активности, да се надеваме, допрва ќе има вести.

Сето тоа би значело дека Панчевски е само уште еден „тврдокорен“ партиски трол кој „има што да каже“ на својот Фејсбук-профил за најновиот охрабрувачки документ од Брисел. Веројатно сето тоа би било точно, доколку не видиме што се случува со неговата објава на социјалните мрежи.

Да бидеме докрај коректни, па да пренесеме што Панчевски напиша ноќта на 2 март, неколку часа откако содржината на нацрт-извештајот од Европската комисија беше обелоденет во јавноста:

„Европската комисија, истата онаа која треба да ги почитува и промовира европските вредности на Унијата, колевка на правдата и Европскиот суд за човекови права, со последниот извештај од 02.03.2020 промовира како успех неправосилно разрешување на судии, за кои сѐ уште трае жалбената постапка! Оние постапки за разрешување кои во основниот извештај за 2019-та, ЕК ги цитира дека постапките против судиите од нив се сфатени како притисок, сега наеднаш за ЕК станаа успех. Што можеме да очекуваме од вакви вредности? Дали Европската комисија со ова апелира неправосилните постапки да станат правосилни??? Каде е правото тука??? Што на ова би кажал Судот за човекови права на истата таа Европа??? Ова е лицемерието на дипломатите на ЕК во Македонија, за нив само извештај за Македонија и народот индикатор дека не им е до почитување на право и закон, единствено работат Зоран Заев да опстане и остане на власт!“

Колегиумот, на шега, коментираше дека овој Зоран Заев мора да е невидено моќен, кога успеал цела Европска Унија да ја привлече да работи за него, за тој да остане на власт. Сепак, малку посериозниот поглед на оваа онлајн-небулоза од Панчевски, ќе открие и некои други димензии. Не е потребен голем труд за да се види дека овој негов коментар на социјалните мрежи се третира како материјал за засилување на антизападната кампања што ја водат одредени политичари и политички структури и партии во екот на недекларираниот предизборен двобој во земјата.

Уште „испаруваше“ онлајн-коментарот на судијата-милионер, а познатата плејада медиуми веднаш го објавија неговиот коментар и ги нападнаа алгоритмите на интернет просторот. Тоа се оние исти медиуми , за кои деновиве дознавме дека во 2018 година добиле милионски суми за кампања против македонските стратешки интереси и зачленувањето во НАТО. Тоа го дознавме, а уште колку има за дознавање, допрва ќе видиме.

Така, од една сосема очекувана реакција на „кутриот“ милионер, доаѓаме до логичниот заклучок дека овие ставови се граѓа на кампањата против зачленувањето на Северна Македонија во евроатлантските структури и сојузи, во случајов, во Европската Унија.

Имајќи предвид дека кампањата на опозицијата сѐ поотворено станува ултранационалистичка и антизападна, можеме со леснотија да утврдиме дека овој коментар не е ни оддалеку осамено мислење и спонтана антиевропска реакција на социјалните мрежи. Одот кон ЕУ значи владеење на правото и крај за неказнивоста. Па нека се работи и за милионери меѓу судиите.

Оттаму, кампањата, освен националистичка, ќе биде и радикално антизападна. Сите знаеме од чиј театар се „позајмени“ костимите за таа претстава.

The post Како и зошто судијата милионер е дел од антизападната кампања? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....