13.8 C
Скопје
18:37 - 23 април, 2024

Сè повеќе се чувствуваат последиците од коронавирусот: Фирмите што работат со кинески суровини прават тргни-застани

Дел од компаниите чиј производствен процес зависи од компоненти и суровини што се произведуваат во Кина, имаат повремени прекини во производството. Ова е најизразено кај компаниите што користат електронски компоненти, за кои има фабрики во Кина и каде што набавките не може да се пренасочат. Во недостиг на репроматеријали, нивните цени се зголемуваат, пред сè поради транспортот, кој главно се одвива авионски поради блокираниот бродски сообраќај во Кина.

Засега нема информации дека некоја компанија целосно го прекинала производствниот процес поради недостигот на суровина од Кина, но факт е дека има компании што произведуваат помалку од планираното. Ова го потврдува и Виктор Мизо, директор на охридската компанијата „Костел“ и претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство, во која членуваат компании што обезбедуваат 60 отсто од македонскиот извоз.

Мизо, во изјава за „Слободен печат“ пред нешто повеќе од две недели рече дека компаниите членки на оваа Асоцијација имаат резерви за уште две недели, поради што вчера го прашавме во каква ситуација се сега тие.

– Компаниите што шијат седишта за автомобилската индустрија немаат проблеми да најдат суровина, но оние што набавуваат електронски компоненти, имаат проблем. Дел од нив имаат привремени застои на дел од нивното производство, не на целото, туку она за кое во моментот ги нема компонентите. Тие прават тргни-застани во производствениот процес, како што ќе се снајдат. Сите овие компоненти не доаѓаат директно од Кина кај нас. Има низ Европа дистрибутери, па компаниите ќе се снајдат, како што ќе се снајдат и дистрибутерите. Секоја набавена количина е драгоцена – вели Мизо.

Но, како што предупредува Мизо, проблемот што го создаде коронавирусот во економијата допрва ќе излегува на површина дури и кога ќе се стабилизира состојбата со болеста во Кина.

– Кина постепено ќе се врати на вообичаениот колосек, но можни се поголеми финансиски проблеми во Европа и во Америка и тоа ќе влијае врз побарувачката, што значи дека ќе влијае и врз нашиот извоз. Падот на берзите значеше загуба на пари и луѓето во Америка и во Европа што вложуваат во акции, се очекува да бидат воздржани во однос на купувањата. Тоа се гледа и во фактот што вчера во Америка за првпат во историјата Централната банка објави пад на каматната стапка под 1 процент што е знак за тоа дека таа сака да ја стимулира економијата – вели Мизо.

Што се однесува до Македонската берза, пак, состојбата се стабилизира. По падот на берзанскиот индекс МБИ10 од 24 февруари до 26 февруари, од 28 февруари веќе е во пораст. Светските берзи, пак, сè уште се обоени во црвено.

„Витаминка“ увезува кинески кикирики, ама нема проблеми

Голем дел од суровините, прехранбената компанија „Витаминка“ ги увезува од Кина. Меѓу увезените суровини се и кикирики. Но, како што вели Симон Наумовски, директор на „Витаминка“, компанијата не чувствува недостиг.
– Ние обично на три месеци правиме големи набавки И сè уште не сме се соочиле со недостиг на суровините што го користиме во нашиот производствен процес, кој се одвива нормално – вели Наумовски.

Во трговијата ја снемува кинеската бела техника

Белата техника што стигнуваше од Кина, како што се телевизорите „нео“, веќе не може да се најдат низ продавниците. Во продавниците со бела техника велат дека веќе три месеци не стига кинеската стока и сега генерално набавките се намалени.

– Сега, доколку некој производител имаше фабрика во друга земја, освен во Kина, пратките ни се од другата земја. Она што може да се забележи е дека на повеќе производи од познати меѓународни брендови на кои порано пишуваше дека се направени во Кина, сега пишува дека се произведени во Турција – објаснуваат во една продавница за бела техника.

The post Сè повеќе се чувствуваат последиците од коронавирусот: Фирмите што работат со кинески суровини прават тргни-застани appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....