3.8 C
Скопје
03:01 - 17 ноември, 2024

Јавните објави се добри, но казните ќе ги спречат идните манипулации

Владата денес треба да поднесе барање до Основното јавно обвинителство, кривично да одговараат работодавачите што зеле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените. Паричните санкции се 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице. Премиерот Оливер Спасовски минатата недела побара одговорност за непочитување на законските мерки, за фирмите што добиле помош од државата. Според него, ако сега нема санкции, вакви случаи може да се повторат.

– Јавната објава на списокот на оние компании што не се солидарни и сакаат на друг начин да функционираат во овој момент е една работа, меѓутоа јас сум длабоко убеден дека кога не се почитуваат законските одредби, мора да се сноси одговорност – рече Спасовски во гостување во „Слободна ТВ“. Тој смета дека доколку не се реагира во овој момент, тоа може да повлече  вакви слични дејства и во иднина од други.

– Веќе е даден налог од моја страна до генералниот секретар на Владата, да се подготват сите акти што се потребни и врз основа на тоа да се поднесат кривични постапки за непочитувачите – рече Спасовски.

И Организацијата на работодавачи го поздрави фактот дека се објавуваат имињата на фирмите што не ги испочитуваа ни државните пари, а ни своите вработени, но побараа во иднина да се прецизираат одредбите од ваквите мерки за да нема манипулации.

– Добро е што се објавија имињата на фирмите што ги злоупотребија парите за работниците, а списокот покaжува дека големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби. Бараме Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Исто така, бараме и прецизни одредби за да нема манипулации – рече Ангел Димитров, претседател на ОРМ.

Откако половина од јавно објавените фирми до петокот ги исплатија платите за вработените, на списокот за април и за мај останаа 366 фирми. За другите, околу 3.750 компании што на речиси 53.000 работници им го скратија и минималецот, се проверуваат податоците со Трудовиот инспекторат. Нема информација ниту кога ќе биде објавен и овој список.

The post Јавните објави се добри, но казните ќе ги спречат идните манипулации appeared first on Слободен печат.


Јавните објави се добри, но казните ќе ги спречат идните манипулации was first posted on август 10, 2020 at 2:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....