Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови поврзани со партијата, но и одговара на обвинувањата од страна на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Во интервјуто тој истакнува дека секогаш добивал неосновани критики и покрај напорната работа, како и дека наместо Мицкоски да учи од сопствените грешки, тој упатува критики кон проекти кои се успеh и за него и за Кавадарци.
На прашањето дали тој ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев смета дека е неопходна промена во партијата.
-ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја, вели Јанчев.
The post Јанчев: Кога јас ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец appeared first on Слободен печат.
Јанчев: Кога јас ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец was first posted on јули 31, 2020 at 4:42 pm.