-4.2 C
Скопје
03:29 - 25 ноември, 2024

Јакимовски: Ние не сме виновни за пропусти во урбанизмот, сакаме да работиме!

Градежниот сектор, во 2019 година, учествувал со 5,5 отсто во создадениот бруто домашен производ, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Но, градежништвото памети и многу подобри години, а најдобрата е во 2013 година кога неговото учество било 8,5 отсто во БДП. Тогашната градежна активност, пак, се поврзува со Проектот „Скопје 2014“ на чија адреса се упатени голем број критики.

Градежните компании имаа и добар период со градежната станбена експанзија, што се случи особено во Скопје. Сега градежните фирми се соочени со мораториум на градби во одделни скопски општини, како и во Охрид, но и со помало ангажирање од страна на државата, особено сега во време на пандемија.

За тоа, дали градежните компании чувствуваат вина што се стави мораторим за градење во одделни општини, зошто потфрлува реализацијата при изградбата на државната инфраструктура, како и за тоа дали Македонија има добри инженери, разговараме со Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори.

Во последно време многу често можеме да ве видиме на прес конференции. Очигледно е дека сакате да и порачате нешто на Владата?  Што најмногу ве мачи?

Во последниве 3 години ние се наоѓаме во една тешка состојба, пред се во делот на високоградба. Има укунување на детални урбанистички планови и мораториум во градењето, а тоа прави голема штета на градежништвото. Ако знаеме дека градежниот сектор е двигател на секоја економија во Европа и во светот, зошто тоа да не биде и кај нас и зошто градежниот сектор да трпи затоа што одделни општини носеле детални урбанистички планови во кои се констатирани пропусти? Ако пропустите се направени од страна на службенци или од градоначалници согласно нивната позиција, тогаш тие треба да сносат одговорност. Ние за тоа како градежни компании не сме виновни за да трпиме финансиски последици. Ние имаме во сопственост градежни парцели согласно деталени урбанистички планови, а кои сега се под мораториум. Инаку, во закон ниаде не постои термин мораториум. Во новиот Закон за урбанистичко планирање е предвидена можност за суспензија, но со јасно утврдена процедура како се води суспензијата на одреден детален урбанистички план, ако постои одреден пропуст.

Дали не сметате дека и самиот градежен сектор е причина за мораториумите поради неконтролираната градежна експанзија поради што во јавноста и се употребуваа термини „урбана мафија“?

– И самите велите, можеше да се слушнат зборовите „урбана мафија“ . Значи,такво нешто можеше да се случи во делот урбанизмот. Потенцирам, градежните компании не носат детални урбанистички планови, тоа не е во наша надлежност. Постапката за носење на детален урбанистички план е исклучиво на ниво на општина, или на ниво на град, односно некои планови носи министерство.

Кој е Вашиот став во однос на квалитетот на градењето? За жал, во јавноста можат да се слушнат и негативни коментари

– Можам да зборувам во име на членките на Градежната комора. Ние во нашата комора немаме таков инвеститор што гради неквалитетно, односно градењето е согласно пропишаните стандарди. Тука би сакал да истакнам дека во изминанативе 10 години се градат објекти со висока енергетска ефикасност од класа А, со кои може да се намали потрошувачката на електрична енергија и до 6 пати. Ако генерално, постојат случаи на објекти кои се неквалитетно изградени, тоа се многу мал процен во однос на вкупната понуда.

Но веројатно сте свесни дека тој мал процент може да донесе негативен имиџ на целиот сктор. Дали сметате дека самите градежни компании треба да притискаат да има позасилена контрола и повеќе инспектори на терен што ќе проверуваат што и како се гради?

– Ние тоа го правиме на поинаков начин. Во самите градежни фирми имаме едукативни центри каде што секој потенцијален купувач може да добие податоци за тоа што се вградува во станот. Цврсто стоиме зад тоа дека објектите што ги градиме се квалитетни.

Податоците покажуваат дека нивото на капиталните инвестиции е ниско. Какви сигнали стигнуваат до Вас? Може ли македонските градежни фирми да очекуваат поголема ангажираност од страна на државата и дали имаат капацитет да одговорат на барањата?

-Капиталните инвестиции се основа во која државата треба да инвестира за да имаме непречен економски развој. Постојат доволно инфраструктурни проекти во кои се влучени македонски компании, пред се во нискоградбата – патишта, водоводи , гасоводи… Тоа е за поздравување. Она што е неопходно, е да биде јасно дефинирана динамиката, се со цел компаниите што се јавуваат како изведувачи да имаат подобра реализација. Намалената релаизација може да се случи поради повеќе причини: едно е поради пропуст на проектната документација, второ е поради решавањето на имотни прашања и трето е поради самиот изведувач.

Дали земјава има доволно градежни стручњаци и дали градежните компании соработуваат со образовните институции?

– Како Градежна комора соработуваме со релевантните институции се со цел подигнување на нивото на градењето. Но, она што сакам да го потенцирам е дека ние како држава имаме традиција во градежништвото и Градежниот факултет и Архитектонскиот и другите образовни институции се на многу повисоко ниво од опкружувањето. Тоа можеби се должи и на земјотресот од 1963 години, па така го имаме и Институтот за земјотресно инженерство што е на многу високо ниво и кој учествува на проекти во многу поразвиени земји. Значи, воопшто не треба да има дилема дали ние имаме стручен кадар. Да, таков имаме и треба да создаваме нов.

The post Јакимовски: Ние не сме виновни за пропусти во урбанизмот, сакаме да работиме! appeared first on Слободен печат.


Јакимовски: Ние не сме виновни за пропусти во урбанизмот, сакаме да работиме! was first posted on октомври 18, 2020 at 3:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....