11.8 C
Скопје
02:39 - 3 мај, 2024

Истекувањето на јаловиштето од рудникот Саса е запрено

Во тек е увид на лице место од страна на државен инспектор за животна средина надлежен за води на местото на хаваријата на јаловиштето на рудникот Саса во Македонска Каменца, информираат од Државниот Инспекторат за животна средина за Слободен Печат.

– Очекуваме попладнево да имаме подетални сознанија за причините на овој еколошки инцидент, вели Дарко Блинков од секторот за меѓународна соработка на ДИЖС во врска со излевањето на јаловината од комплексот на рудници Саса, која заврши во водите на реката Брегалница.

Од државниот рударски инспекторат најавија дека нивна екипа ќе оди на терен во среда за да изврши увид и да ги утврди причините за хаваријата на јаловиштето на рудникот, да утврди дали е работено според проектот и да изготват извештај кој потоа треба да го достават до обвинителството и другите надлежни државни органи.

– Истекувањето во моментов е прекинато – вели Петре Рунчев, државен рударски инспектор, кој вели дека се во постојана комуникација и со надлежните државни инспектори за животна средина кои се на лице место.

Хаварија од големи размери на јаловиштето на рудникот Саса се случила и во 2003 година кога од истеченото јаловиште огромата маса на рудничка јаловина која се движела по реката поплавила 20-тина куќи во долниот дел во населбата Долна Саса во Македонска Каменица.

– Причината за таа хаварија беше попуштањето на тунелот со кој се одведуваше реката која тече под јаловиштето – велат од Државниот Инспекторат за технички инспалации.

Од управата на рудникот Саса информираат дека кусо по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана.

„Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот“, се вели во соопштението од управата на Саса.

Од рудникот Саса изнесоа соопштение за истекнувањето на јаловина во Каменичка река, притоа изјавувајќи дека причината била дефект на насипот на јаловиштето.

Според првичните информации дадени од страна на риболовното здружение „Шаран“ чии членови први излегоа на терен, земени се мостри од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река кои ќе бидат препратени до надлежните на испитување. Од увидот што го направија од „Шаран” констатирана била катастофална состојба во која коритото на Каменичка Река утринава плива во јаловина и која според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро.

– Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението ,,Шаран”.

Еколошка катастрофа: Се излеа јаловина во Каменичка Река (ВИДЕО)

The post Истекувањето на јаловиштето од рудникот Саса е запрено appeared first on Слободен печат.


Истекувањето на јаловиштето од рудникот Саса е запрено was first posted on септември 14, 2020 at 12:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....