25.8 C
Скопје
16:42 - 28 април, 2024

Исклучена од светот: Шведска ќе плати висока цена заради стратегијата за борба против коронавирусот

Шведските медиуми изразиле загриженост дека жителите на земјата би можеле да бидат исклучени од повторното отворање на границите, како во нордискиот регион, така и во остатокот на Европа.

Конкретно, веста дека Кипар нема да дозволи директни летови од Шведска кога ќе ги отвори своите граници на 9 јуни вознемири многу Швеѓани.

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде изјави во вторникот дека ниту една земја не треба да биде исклучена од потенцијалниот договор за отворени граници меѓу нордиските земји, додека регионот планира олеснување на ограничувањето на патувањето донесено во екот на пандемијата на коронавирусот.

Линде рекла дека исклучувањето на Шведска ќе биде „политичка одлука“ која нема да биде оправдана од здравствена гледна точка.

Шведска беше предмет на критики заради опуштената стратегија за борба против коронавирусот, по одлуката училиштата и угостителските објекти во земјата да останат отворени. Шведска, исто така, не ги затвори границите спрема соседните земји.

Линде напоменала дека Брисел ги повикал земјите членки да не дискриминираат при повторно отворање на границите, пренесува Дојче веле.

– Тоа е многу комплицирано прашање и мислам дека сите политичари во секоја земја исто така треба да согледуваат долгорочен ефект, пред да донесат многу политички мотивирани одлуки, рекла таа.

Меѓутоа, соседите на Шведска се двоумат, а Данска и Норвешка се уште се во фаза на одлучување дали наскоро да ги отворат границите.

Граничните ограничувања на Финска важат до 14 јуни, изјави овој месец министерката за внатрешни работи Марија Охисало, додавајќи дека за некои од нејзините соседи би можеле да бидат укинати забраните за патување. Меѓутоа, Охисало ситуацијата во Шведска ја нарекла „загрижувачка“.

Владата во одбрана на стратегијата

Шведската влада продолжи да го брани својот контроверзен одговор на пандемијата на Ковид-19, и покрај тоа што забележа една од најголемите стапки на смртност во светот, со 4.125 смртни случаи, односно околу 40 на 100.000 луѓе.

Бројт на смртни случаи од коронавирусот во земјата е речиси четири пати поголем од вкупниот број во останатите нордиски земји.

– Трансмисијата се намалува, бројот на заболени на интензивна нега значително е намален, а растечката крива на смртност се израмни. Немаше потполно затворање на Шведска, но многу делови од шведското општество беа затворени, рекла Линде, одговорајќи на обвинувањата дека земјата не направила доволно да го спречи ширењето на вирусот.

Прашањето дали земјата ја применила вистинската стратегија исто така предизвикува бурни расправии на домашно ниво.

The post Исклучена од светот: Шведска ќе плати висока цена заради стратегијата за борба против коронавирусот appeared first on Слободен печат.


Исклучена од светот: Шведска ќе плати висока цена заради стратегијата за борба против коронавирусот was first posted on мај 28, 2020 at 8:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....