2.8 C
Скопје
15:15 - 24 декември, 2024

ИНТЕРВЈУ Ана Глигорова: Човек што живее без струја го „бркаат“ за прастар долг на почината мајка!

Веќе неколку дена извршителите повторно имаат одврзани раце да наплатуваат стари долгови, по четиримесечниот мораториум поради коронавирусот. Ниту вирусот, ниту економските проблеми не стивнаа, но рокот за замрзнување на наплатата што беше одреден во Уредбата со законска сила истече, а државата е на прагот на формирање на нова влада.

Долговите секако мора да се плататат, но како што вели активистката за социјална правда, Ана Глигорова, како никаде во ЕУ, во Македонија се наплатуваат долгови и од пред 25 години и некогашниот мал долг, со камата,  се претвора во катастрофален износ. За ваквата состојба, вели Глигорова, не се виновни само извршителите, туку целиот поставен систем, па и законите. Таа вели дека активистите ќе ја продолжат битката против ова должничко ропство и најавуваат  голем протест за десетина дена.

Какви се Вашите сознанија, се почитуваше ли владината Уредба за мораториум на извршувањата за време на вонредната состојба?

– Одложувањето на извршните дејствија не го решија проблемот со астрономските, нереални, виртуелни побарувања кон граѓаните. Некои од граѓаните ме прашуваа како да се одблокираат за да примат било каков прилив на пари на сметката, затоа што извршителите им велеле дека е невозможно да ги одблокираат, бидејќи мораториумоит се однесувал и на самото одблокирање. Уредбата беше напишана набрзина, без да се размисли дека некои луѓе ќе останат блокирани со месеци. Многумина беа отпуштени, некои беа во самоизолација, некои се разболеа, некои претрпеа тешки душевни трауми создадени од целата оваа ситуација која води само во еден единствен правец – должничко ропство до крајот на животот. Колку почитувале. треба да се истражи, имав јавувања на луѓе кои тврдеа дека им се одбива и од плата и од пензија. Ако е ова точно, тие извршители треба да бидат санкционирани.

Вие на некој начин веќе подолго време сте „рамo за плачење“ на оние што имат различни животни приказни кои ги довеле до извршителите и кои за мал долг сега плаќаат огромни износи. Може ли некоја од нив да издвоите, што оставила на Вас посебен впечаток?

– Целиот систем на наплата на побарувања во Македонија е лихварски, од доверители, банки, нотари, адвокатски здруженија, кеш кредити, фирми за наплата, фирми купувачи на долгови, извршители … Мрачен е начинот и средствата со кои се врши наплатата врз овие сиромашнни граѓани. Во просек, нето-платата во државава не надминува 18.000 денари, но од игла се прави слон и во наплатата се оди со суми кои немаат никаква врска со основицата. Грозно е тоа што се случува. Мене ме загрижува немањето емпатија и солидарност на целото општество, кое ведне глава на овој психопатолошки проблем. Тие кои плаќаат астрономски суми, ќе ги плаќаат до крајот на животот, одвојувајќи од устата на децата, од лекарствата без кои не можат да преживеат. Примери има толку многу, кого да издвојам? Човекот има 65 години, живее сам, без струја, на социјалн помош, со застарен долг од неколку илјади денари кој со камати достигнал 400.000 денари, а е  од неговата покојна мајка, почината веќе 10 години. Побарувањето е застарено, но никој тоа не го почитува во оваа држава.

Долговите, секако, мора да се платат. Каде, всушност, го гледате проблемот?

– Проблемот е во непостоечките долгови, во астрономските камати, во чесноста на најголем дел од луѓето кои лелекаат под теретот на измисленото, виртуелното, вметнато во некакви побарувања… Долговите одамна се платени. Жива срамота сме за една држваа која претендира да биде дел од ЕУ. Таму во чудо ќе ве гледаат ако некој им спомене дека не може да исплати некаков долг за вода од 1995 година, од покојниот дедо, кој од 3.000 денари нараснал на сума со која можеш слободно да си купиш половен автомобил. Каков е тој долг за комунални услуги кој ќе го плаќаш пет години, а во исто време не можеш да ги подмириш редовните сметки? Тоа не е долг, тоа е неуспешна, лихварска држава.

Како да се излезе од ваквата заплеткана ситуација?

-Добар дел од мафијашката спрега треба во еден момент да престане да лихвари, да бара лихва, да рекетира. Ова го може законодавната и извршната власт. Потребни се нови закони, многу темелни, санкции за оние кои го прекршиле КЗ, а ги има доста и меѓу нотарите, извршителите, банките. Потребни се чесни луѓе, правда, вистински судски совет, а не формално тело кое ништо не превзема во однос на корумпираноста на судиите.

Што би предложиле сега,  како итна мерка, додека трае оваа здравствена криза која секако има огромни економски последици?

– Мојот предлог e да се продолжи со мораториум на извршните дејствија до моментот на носење на нови закони и промена на постоечките. Точно знам кои закони, кои членови треба итно да се сменат. Ние, неколку здруженија во наредниот период од десет дена се подготвуваме на голем протест со тема – криминална наплата. Против сите кои го осиромашуваат народот – доверители, извршители, лихвари, судии. Борбата само што е започната.

The post ИНТЕРВЈУ Ана Глигорова: Човек што живее без струја го „бркаат“ за прастар долг на почината мајка! appeared first on Слободен печат.


ИНТЕРВЈУ Ана Глигорова: Човек што живее без струја го „бркаат“ за прастар долг на почината мајка! was first posted on јули 30, 2020 at 8:01 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....