23.8 C
Скопје
12:34 - 7 мај, 2024

Градоначалниците на парламентарни избори!

Лето е во среде корона пандемија. Сите се на охридското крајбрежје да земат малку здив, што од короната, што од изборите. Така Охрид повторно стана центар на севкупното внимание на македонската јавност со сите негови мани и убавини.
Но ако ги тргнеме настрана традиционалните забелешки за „прочуената“ охридска гостољубувост и подготвеност за туристичката сезона, на виделина излегуваат сите недостатоци од владеењето на локалната власт. Забелешките за Охрид се парадигма за речиси сите општини во земјава. Охрид ја има таа „несреќа“ да биде град на сите граѓани во Македонија, зашто само во Скопје и во Охрид мораш барем еднаш да дојдеш. Макар и меѓу два изборни циклуси, затоа што догодина н‘е чекаат локалните избори, а нема да биде чудо да треба да одиме на уште едни брзи предвремени парламентарни.
И тогаш се немтнува дилемата колку едните можат да влијаат на другие. И обратно.
Очигледно е дека можат, а тоа го покажаа и последниве избори кога СДСМ ги загуби гласовите во половината скопски општини каде пред само две години на локалните ги „сотре“ своите противкандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Да не беше максималниот ангажман на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во реставрацијата на Скопје, со што го подигна квалитетот на живот на скопјани, па и на оние кои севезден се во главниот град, кој знае како ќе поминеше СДСМ.
За другите градови веројатно во партијата ќе треба да си проверат како стојат работите и каков учинок имаат направено нејзините градоначалници во изборните резултати на овие парламентарни избори.
Со децении раководствата на најголемите партии кои се менуваат на власт, се залажуваат дека едно биле парламентарни избори, а друго локланите. Демек имало разлика кога граѓаните бирале градоначалник, а друго пратеник!
Разликата е само во тоа што едниот е „испратен“ во метрополата, а другиот останува тука пред вас. И едниот и другиот треба да се квалитетни и способни луѓе кои треба да се залагаат за местото каде живее и од каде потекнуваат.
За жал се чини во Македонија постојат само двајца градоначалници кои им се познати на јавноста, а тоа се скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци. Различни се по партиската припадност, а слични по тоа што се посветени на својот град. Секако неспоредливо е да го водиш главниот град со било кој друг во земјата, но тие сепак се стекнале со углед меѓу своите сограѓани.
Сите други се горе-долу анонимуси, партиски полтрони, напикани во своите бирократски дувла во кои се нешто као „големо“ планираат и немаат време за овоземските „мали“ потреби на своите сограѓани, каде впрочем и самите живеат, или се „водат“ дека живеат.
И додека медиумите главно се занимаваат со централната власт, тие во меѓувреме се буквално поштедени од забелешките на јавноста.
Она што е интересно е дека на нив забораваат и нивните партиски шефови, не сфаќајки дека во значителна мерка тие се директни или индиректни виновници за слабите изборни резултати на парламентарните или дури и претседателските избори.

Едноставно затоа што тие, градоначалниците, се идентификација на партијата и дека нивните успеси, а уште повеќе нивните неуспеси се можеби и лични, но секако дека се пренесуваат и на контото на целата партија па и на централно ниво како Влада.
Никола Груевски своевремено сфати дека локалната власт може да му послужи само за да се пофали централната. И не само поради маркетиншки трик, туку реално финансиите со кои располагаат поголемиот број општини се скромни за поголеми зафати, па и тогаш и сега и во догледно време тие ќе ги сервисира централна власт.
Но тоа е доволен показател дека општинските совети предводени од градоначалниците ќе мораат да се фокусираат на она што е остварливо за парите со кои располагаат.
Инаку ќе ни збоктиса ако и на овие локални избори повторно ќе мораме да слушаме за едни те исти проблеми кои тие како градоначалници ќе ги решеле, ама немале средства, ниту сила да ги решат. За Колекторот, плажите и дивоградбите во Охрид, за депонијата во Тетово, загадувањето на реките, големи трговски центри, станбени објекти.
Зоран Заев беше успешен градоначалник и во времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, па ако сака да ги врати загубените гласови на претстојните избори какви и да се тие, нека си ги прибере своите градоначалници и нека ги подучи што и како треба да работат. Па ако има време нешто и нека сработат.
Да, во државата треба да има правда и економски напредок, но и подобар стандард таму каде жевееме.

Државата е сепак најпрвин пред мојот праг.

The post Градоначалниците на парламентарни избори! appeared first on Слободен печат.


Градоначалниците на парламентарни избори! was first posted on јули 30, 2020 at 8:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....