12.8 C
Скопје
04:45 - 1 мај, 2024

Сè уште е можно Али да „фали“ во владината коалиција!

На пет дена пред конститутивната седница на новото Собрание се уште е неизвесно кои партии ќе бидат дел од идното парламентарно мнозинство што ќе избере влада. Се чини дека се во игра сите опции и во македонскиот, но и во албанскиот блок, каде деновиве е многу раздвижено. Со вкупно 32 пратеника албанските партии ќе бидат значаен фактор во Собранието, но засега поизвесно дека една од двете најголеми партии, ДУИ или коалицијата на Алијанса и Алтернатива ќе мора да одат во опозиција, отколку дека и обете ќе бидат дел од идната влада.

Коалицијата „Сега е време“ на Алијансата на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши одбива каква било соработка со ДУИ во иста влада – прво ја одби понудата на ДУИ за сеалбанско обединување околу идејата за прв премиер Албанец за која е номиниран Насер Зибери, а деновиве ја одбија и понудата за задничка платформа за дејствување на албанските партии при составување на влада. Најново од оваа коалиција е дека нема да влегуваат во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, како што најави вчера Гаши во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

– ДУИ треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да почнеме преговори. Имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет – вели Гаши.

ДУИ го изгуби легитимитетот

Гаши вели дека не може сега да ги лажат своите гласачи и да почнат соработка со ДУИ затоа што веќе се спротиставиле на идејата за премиер Албанец, уверени дека тоа е само симболика, а не содржина. Тој објаснува дека нивните гласачи верувале во нивниот концепт и сега не можат да ги изневерат и да го бранат концептот на ДУИ и затоа не може да се обединат зад идејата за Албанец премиер.

Лидерот на Алтернатива, која од 12-те пратеници на коалицијата со Алијанса има 4 пратеника, вели дека се насетувала малата разлика во бројот на освоени мандати со ДУИ (15 пратеници), а од резултатот најмногу се изненадиле ДУИ.

– Во трите последни денови и поради големиот поткуп и крадење јасно ни беше како се стаса до оваа бројка. Како и да е, ДИК и Управниот суд ги легализираа тие пратеници. Сега е битна една компонента, легитимитетот. Кога една партија го нема легитимитетот кај Албанците, а од друга страна настапуваше со максимата премиер Албанец, сега кога не може да го оствари тоа, го губи легитимитетот да биде во Владата – изјави Гаши во „Утрински брифинг“.

Деновиве коалицијата „Сега е време“ експресно ја одби и платформата за албанско дејствување што ја предложи Бујар Османи според која треба да има само две албански коалиции и поразениот да не му се меша на победникот во преговори за влада, а генералниот секретар на Алијанса, Арбен Таравари, ја оцени како како задоцнета и несериозна и доаѓа од партија што ги украла албанските гласови со помош на локалните банди.

Ахмети сака средби со Села и Гаши

И покрај корпите што ги добива од коалицијата на Алијанса и Алтернатива, ДУИ не се откажува од намерата тие да ја имаат контролата затоа што со своите 15 пратеници се смета за победник на изборите и со неприкосновено право да биде дел од владата како претставник на сите Албанци, независно дали партнер ќе им биде СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Али Ахмети завчера се сретнал со лидерот на Беса, Билал Касами, која е дел од предизборната победничка коалиција „Можеме“ на СДСМ, а по средбата тој во штуро соопштение преку Фејсбук не заборави да потенцира дека изборите биле позитивно оценети од ОБСЕ.

„Со Касами го поздравивме завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ја прифативме позитивната оценка на меѓународната заедница, а особено ОБСЕ. За време на конструктивниот состанок се согласивме да продолжиме со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отворен и постојан дијалог“, напиша Ахмети. Тој додаде дека во наредните денови се надева на работни состаноци и со лидерите на опозициските партии на Албанците, во интерес на, како што напиша, граѓаните на нашата земја.

Според аналитичарите, ДУИ деновиве отстапува од првично крутите ставови, а во овој период партиите се позиционираат пред конечното составување на мнозинството. Политикологот  Благојче Атанасоски смета дека ДУИ ја спушта топката.

– Интересна е реториката на ДУИ. Се гледа едно ретерирање на ставовите, партијата ја спушти топката и како да ги кани СДСМ и БЕСА заедно да формираат влада. Но, гледаме во изминативе неколку денови голем број шпекулации со кои се наговестува премин на пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе видиме дали е ова со цел позиционирање на СДСМ за создавање влада со Алтернатива и Алијанса на Албанците. Преговорите ќе се интензивираат по Илинден и тогаш нештата ќе бидат појасни – вели Атанасоски за „Утрински брифинг“.

Остануваат уште неколку дена во затишјето пред да почнат официјалните преговори во кои главниот збор се очекува да го има СДСМ, кој на своите 46 пратеници и концептот „Едно општетсво за сите“ треба да им ги придружи или пратениците од Алијанса и Алтернатива кои го имаат слоганот „Држава за сите“ или пак ДУИ и нивната уцена за премиер Албанец, на која уште пред избрите им посакаа да поминат успешни четири години во опозиција.

The post Сè уште е можно Али да „фали“ во владината коалиција! appeared first on Слободен печат.


Сè уште е можно Али да „фали“ во владината коалиција! was first posted on јули 30, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....