Индија тестира три вакцини против коронавирусот и веќе има план да ги дистрибуира до граѓаните, нагласи премиерот Нарендра Моди во говор во чест на националниот празник – Денот на независноста.
– Три вакцини се во различни фази на тестирање. Кога научниците ќе ни дадат дозвола, ние веќе ќе имаме план за производство. Имаме патоказ за тоа како вакцината ќе стигне до секој Индиец во најкус можен рок, рече тој.
Моди додаде дека во рамките на националната програма за дигитална здравствена заштита, секој граѓанин на земјава ќе добие здравствена легитимација, со која ќе бидат обележани посетите на лекарите или аптеките, како и на лековите што им се пропишани.
Премиерот Моди, исто така, им се заблагодари на оние кои се борат со пандемијата во име на земјата. Бројот на заразени во Индија надминува 2,5 милиони.
Претходно, индиските компании Зидус Кадила и Бахрат Биотех објавија дека ја започнале првата фаза од развивање на нивните вакцини против Ковид-19. Индискиот институт за вакцини соопшти дека ја започнува последната фаза на испитувања на вакцината „Ковишилд”, што ја развиваат заедно универзитетот Оксфорд и Астра Зенека.
На 15 август, Индија го слави Денот на независноста. На полноќ на тој датум во 1947 година, првиот премиер Џавахарлал Нехру го крена националното знаме во Њу Делхи за да го означи повлекувањето на британските окупаторски сили.
The post Индија тестира три вакцини против коронавирусот и е подготвена да ги дистрибуира appeared first on Слободен печат.
Индија тестира три вакцини против коронавирусот и е подготвена да ги дистрибуира was first posted on август 15, 2020 at 8:59 am.