21.8 C
Скопје
17:22 - 1 мај, 2024

И намалените царини адут за „лов“ на инвестиции

Владата, министерствата за економија и за финансии и Царинската управа во наредниот период ќе работат активно на усогласување на Законот за царинска тарифа со ЕУ легислативата. Вицепремиерот Фатмир Битиќи информираше дека на барање на странските инвеститори, сите економски ресори ќе вложат напори да ја олеснат работата на компаниите во земјава, пред сѐ од автомобилскиот сектор.

Ова го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши, кој усогласувањето на домашната со европската легислатива го поврза и со привлекувањето на нови странски инвестиции.  Бектеши додаде дека во моментов, повеќе странски инвеститори се заинтересирани да отворат нови фабрики во земјава, а има најави и дека дел од постојните инвеститори планираат проширување на своите инвестиции.

– Никој од нас не е сигурен кога ќе заврши пандемијата, но она што можам да кажам е дека добиваме позитивни сигнали од германските компании што работат во Германија и германските компании што работат во Северна Македонија. Тие сметаат дека штом ќе заврши пандемијата и доколку останат овие услови за работа и во иднина, планираат да ги прошират своите активности и да ги зголемат своите инвестиции, дури има и интерес од нови инвестиции – изјави неодамна директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс.

На барање на странските инвеститори, Владата ги намали царините на 32 увозни производи и компоненти, кои се користат за производство на технолошки напредни производи. Одлуката веќе стапи на сила на 1 ноември, а нејзиното годишно влијание врз буџетот е 4,6 милиони евра. За увозот на овие производи годишно се одлеваа 167,3 милиони евра. Иако за дел од економските експерти овој чекор е задоцнет, министерот за економија ја оправда оваа владина одлука, објаснувајќи дека за време на избори не смееле да се носат автономни мерки за поддршка на само еден сектор.

The post И намалените царини адут за „лов“ на инвестиции appeared first on Слободен печат.


И намалените царини адут за „лов“ на инвестиции was first posted on ноември 5, 2020 at 3:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....