Најпознатата знаменитост во Бразил, статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Жаниеро беше осветлена во средата со знамиња и пораки за надеж во солидарност за државите кои се борат со пандемијата со новиот коронавирус Ковид-19.
Статуата, која стои над Рио де Женеиро беше осветлена со знамињата на сите држави кои досега пријавиле случаи на коронавирусот. На фотографиите може да се забележи и македонското знаме.
И пораката #praytogether (превод: Да се молиме заедно) беше проектирана на стаутата на повеќе јазици.
Владиката на Рио де Женеиро, Орани Џао Темпеста одржа миса на знаменитоста и црквата ги поттикнува луѓето да се молат за болните низ светот.
Brazil’s Christ the Redeemer statue was illuminated with images of continents and flags in a show of solidarity with countries grappling with the coronavirus pandemic. More on our live blog: https://t.co/3uc2RSEjBO pic.twitter.com/xAnVy5kt9x
— Reuters (@Reuters) March 19, 2020
Бразил регистрираше прв случај на коронвирус во државата на 26 февруари годинава, а денеска се пријавени вкупно 647 заразени лица и 7 смртни случаи. Во моментов е прогласена вонредна состојба, компаниите и фирмите апелираат да се работи од дома доколку е возможно, а сообраќајот, јавните настани и собири се откажани.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 246.494 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.049, а оздравеле 88.485 лица.
The post И македонското знаме ја осветли статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Женеиро (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.