-3.2 C
Скопје
03:39 - 26 ноември, 2024

И кога ќе останат без работа не им се оди зад машина

Од 11 март до 31 август одјавени од  работа биле  12.580 луѓе, покажуваат податоците од Агенцијата за вработување. Од друга страна, според вчерашните податоци на Агенцијата, во државата има 6.181 слободни работни места, а на прво место е преработувачката индустрија  во која може да се вработат 1.319 работнци.

Досегашните анализи на слободните работни места обично покажувале дека најмногу се бараат продавачите, но сега тие се на второ место со слободни 1.173 работни места. На третото место се наоѓа секторот транспорт и складирање  каде работа има за 906 луѓе. Интересен факт е и што покрај тоа што во кафеаните се оди со рестрикции, а хотелите речиси и да не работат поради сосема малиот број на патници што доаѓаат од светот, во објектите за сместување и сервисни дејности со храна има 591 слободни работни места.

Стопанствениците во преработувачкиот сектор не се изненадени што се на врвот на листата за побарувачка на работна сила.  Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров вели дека во овој сектор секогаш има проблем со наоѓање работна сила.

– Во било која да е дејност од преработувачката индуструја – дали е тоа текстилна индустрија, прехранбена , или некоја друга, постојано има недостиг на работна сила. Младите не сакат да работат во произвоството и тој тренд трае веќе подолго време, а ништо не се смени ниту со пандемијата со корона.  Затоа и покрај зголемувањето на невработеноста, во преработувачката индустрија секогаш се бараат работници – вели Димитров.

Податоците од Државниот завод за статистика пак покажуваат дека бројот на работниците во индустријата, во август во однос на истиот месец лани, е намален за 5,1 процети и дека индустриското производство е намалено за 9,1 отсто. Но, Димитров вели дека не ги поврзува слободните работни места со некој тренд на враќање на отпуштени работници во компаниите кои тоа морале да го направат поради  намаленото индустриско производство.

Дека имаат проблем со вработување на млад кадар изјави и Маријана Перковска од Кластерот за текстил. Таа вели дека во текстилната индустрија просечната возраст е 46-47 години, а дека на младите најмногу им е привлечен јавниот сектор и ИТ индустријата која обезбедува повисоки примања.

Во преработувачката индустрија просечната нето-плата, според последните податоци, а кои се за јули, е 22,882 денари и таа е зголемена за 7,9 проценти во однос на ланскиот јули. Притоа, најголема просечна нето плата во преработувачката индустрија има во фармација – 46.524 денари, а најниска во секторот „Производство на кожа и слични производи од кожа“ – 16.571 денари. Речиси 18.000 денари е просечната нето плата во производството на облека, а во прехранбената индустрија изнесува 22.539 денари.

Во Крушево нема ниту едно слободно место

Од 6.181 слободни работни места, најмногу работници се барале во Скопје – 3.892. На второ место по слободни работни места е Тетово каде што се нуди работа за 315 работници,  а на трето е Виница со понуда за 297 вработувања. Во Свети Николе имаше само 5 слобдони места, во Валандово, Дебар, Демир Хисар и Кратово поедно, а во Крушево ниту едно работно место.

Податоците секојдневно се ажурираат и менуваат, но структураата на работни места по градови и дејности, главно се задржува.

 

The post И кога ќе останат без работа не им се оди зад машина appeared first on Слободен печат.


И кога ќе останат без работа не им се оди зад машина was first posted on октомври 8, 2020 at 2:32 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....