3.8 C
Скопје
03:08 - 17 ноември, 2024

Граѓаните нервозни, се „гужваат“ во ретките автобуси, Шилегов вели мора да се штеди (ВИДЕО)

Автобусите на ЈСП секој ден се уште возат по саботен возен ред, кој беше воведен поради корона-кризата, иако работните активности на граѓаните се вратија во вобичаениот распоред.

Имено, претпријатието на почетокот на март донесе одлука да ги редуцира автобусите, како резултат на намалената фрекфенција на патници, поради пандемијата на ковид-19, што беше разбирливо и оправдано ако се земе предвид дека училиштата се затворија, а и голем дел од граѓаните почнаа да работат од дома.

Неразбирливо за корисниците на јавниот сообраќај е зошто одлуката за редуциран број на автобуси по скопските улици е сеуште на сила, кога престанаа да важат ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години, фирмите ги вратија назад работниците кои работеа од дома, почна да функционира „Мој термин“, а клиниките и амбулантите примаат пациенти, кои неретко на лекар одат со автобус.

Реакција на револтирани граѓани денеска стигна до редакцијата на Слободен печат.

– Автобусот со број 4 доаѓа еднаш на 40 минути. Дали знаете каков метеж се прави на автобуските станици за тој временски период? Во автобус за време на шпицот не можеш да се разминеш, а не пак да држиш растојание. Луѓе седат и на седиштата на кои пишува дека не смее да се седи, ама не ги обвинувам, и јас некогаш седам на нив, бидејќи во автобусот е таква гужва, што подобро да седнеме еден до друг, отколку да си дишеме во врат, вели наша сограѓанка која редовно го користи автобускиот превоз.

Слично мислење има и патничка која се вози во автобусот со број 24.

– Постојано слушаме дека треба да се држи растојание од два метра, но во автобус тоа не е можно. Би било многу полесно да се практикуваат протоколите за заштита од ковид-19 ако има почесто автобуси, бидејќи тоа ќе значи и помалку метеж и на автобуските и во автобусите.

Но, со ваквите реакции на граѓание не се согласува градоначалникот Петре Шилегов. Тој тврди дека автобусите возат полупразни, а и треба да се штеди.

– Анализите кои што ги правиме покажуваат дека во моментов превезуваме 0,6 патници на еден изминат километар, што значи дека фрекфенцијата на сообраќај не е на тоа ниво за да се вратиме на стариот возен ред, а мораме да ги правиме заштедите во транспортниот систем, имајќи во предвид дека добар дел од трошоците паѓаат на буџетот на Град Скопје. Таму каде што приметуваме дека на дневна основа, на определени места има гужви во шпицот, тие линии се појачуваат, меѓутоа кога ќе ги видите автобусите, ќе видите дека тие се де факто полупразни, рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

The post Граѓаните нервозни, се „гужваат“ во ретките автобуси, Шилегов вели мора да се штеди (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Граѓаните нервозни, се „гужваат“ во ретките автобуси, Шилегов вели мора да се штеди (ВИДЕО) was first posted on септември 10, 2020 at 12:24 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....