4.8 C
Скопје
01:01 - 19 април, 2024

Димовски за 27 април: Да не бевме во судница, ќе се смеевме

Мојот впечаток беше дека нема ништо да се случува дента на 27 април, истакна во своето денешно сведочење за упадот во Собранието, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Во својство на сведок на одбраната, Димовски додаде дека на пратеничката координација одржана истиот ден во 17 часот, претставникот од СДСМ бил согласен конститутивната седница да продолжи утрешниот ден, но во 18 часот, кога седницата завршила, пратениците од спротивниот табор не станале од местата.

– Јас бев затекнат и решив да останам да видам што ќе се случи, нагласи Димовски.

Претходно тој посочи дека пратениците од СДСМ погрешно го толкувале членот 78, став 2 од Деловникот, не смеејќи да прекинат расправа и да преминат на друга точка доколку листата на говорници не е исцрпена. Според него, седницата завршила со пеењето на албанската химна од страна на пратеникот Зекирија Ибраими, без да појасни дали тогашниот претседавач со седницата, Трајко Вељаноски имал право да го прекине пратеникот од говорница.

Димовски обвини дека пратеникот на СДСМ од тој состав, Оливер Спасовски, ја презел функцијата на неформален координатор на неговата партија и секогаш стоел на зборот за заклучоците од претходните координации, на кои учествувале и Ејуп Алими, Весел Мемеди и Трајко Вељаноски.

Како што Димовски додаде, тие заеднички пиеле кафе скоро секое утро, кога и се договарале до колку часот ќе трае седницата, а потоа настапувале во пленарната сала со говори за пред јавноста. Сепак, тој ден, координаторот на СДСМ побарал збор процедурално со намера да ја продолжи седницата со друга точка.

– Нашето членство излезе масовно на протестите за топилницата во Велес, како и на протестите против рудниците во југоистокот, но и против поскапувањето на струјата пред еден месец во Тетово. Така беше и на протестите на “За заедничка Македонија”, но немаше никаква одлука во партиските органи за овие протести. Немавме никакви насоки за постапување дента – продолжи Димовски во сведочењето.

Не, веројатно ќе се смеевме заедно да не бевме во судницата, одговори екс пратеникот на прашањето на поранешниот министер Спиро Ристовски – дали на 27 април од него добивал насоки за немилите настани во Собранието.

Атмосферата на ова рочиште се вжешти откако обвинителката Русковска побара конкретен одговор на прашањето дали намерно се одолговлекувала расправата на 27 април за да не се дојде до точката за избор на претседател на Собранието. Димовски одговори дека мора да образложи, а Русковска инстистираше на одговор со ‘да’ или ‘не’, по што му се обрати на екс пратеникот со зборовите: „Доволен ми беше и овој одговор“.

Бившиот пратеник Илија Димовски, заедно со уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сослушувани на денешното рочиште, на барање на бранителите на обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

Обвинението во судницата го брани шефицата на Одделот за организиран криминал и висока корупција при ОЈО, Вилма Русковска.

 

The post Димовски за 27 април: Да не бевме во судница, ќе се смеевме appeared first on Слободен печат.


Димовски за 27 април: Да не бевме во судница, ќе се смеевме was first posted on септември 10, 2020 at 12:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....