-4.2 C
Скопје
01:04 - 23 декември, 2024

Градоначалникот Јанчев заслужува шанса

Јас живеам во Кавадарци, познавам луѓе, се убедувам себе дека ги разбирам политичките контексти, и притоа сум еден од оние што не живеат „помеѓу четири sида“. Разговарам со граѓани, било да се „леви“ или „десни“, што и тоа да значи во нивниот клаустрофобичен (политички?) имагинариум. Со години јас во овој град се чувствував како странец, сосема е неважно моето фамилијарно стебло затоа што јас од дете сум „обескоренет“. Зад себе немам некоја тврда одредница, немам ниту „традиционално огниште“. Во времето на претходниот градоначалник, јас во Кавадарци се чувствував како странец дома. Иако во Уставот на државата јасно стои дека секој граѓанин на Републиката има суверено право да патува и живее она каде што ќе му се „ќефне“.

Ви реков, јас со години во Кавадарци се чувствував како странец дома. Во времето на Груевски многу луѓе својот дом го перципираа како туѓина, џенем, јабана. Имаше луѓе – индоктринирани од груевизмот – ми дофрлаа дека сум „јабанџија“. Тоа во превод значи дека вие сте „внатрешно раселено лице“; таквата состојба на духот, да ги употребам зборовите на Горан Стефановски, во вас создава „саштисаност“, како змија да ве полазила. Таквата состојба на тага и меланхолија, вели Стефановски, не е поради вашето отсуство, туку е поради вашето присуство. Седиш среде куќа, а не можеш да си ја препознаеш домата.

Кавадарци изгледа како европски град

Митко Јанчев е првиот човек во овој град што вистински ме прифати, ми даде работа, не е некоја спектакуларна, ама е пристојна и возбудлива. Ми се допадна неговиот карактер, затоа што не исклучува луѓе, не ги гледа дали се дојденци, туѓинци, странци, туку ги гледа дали можат нешто да придонесат за градот во кој живеат. Кавадарци, пак, од друга страна, не изгледа повеќе како предградие на Калкута, туку изгледа како европски град, има пристојна сообраќајна инфраструктура, од земјоделски, аграрен, Кавадарци се претвора во индустриски центар, многу е ниска стапката на невработеност – по примерот на најразвиените европски градови – меѓучовечките односи се на високо ниво, нема повеќе дефамација, неподобност, идеолошко поткусурување. За град од внатрешноста, таквата состојба на духот е прилично импресивна. За таквата состојба на духот заслужен е градоначалникот Митко Јанчев.

Таквата состојба е карактеристична за оние градови кои веќе успеале во својата цивилизираност. Притоа, да не заборавиме, денес во Северна Македонија контекстот е променет, медиумската атмосфера е релаксирана, создаден е „плуралитет на мислења“, што во превод претставува „канализирање на сите социјални фрустрации“ на масите. Оттука, да не заборавиме, Митко Јанчев е реализиран и успешен човек. Пред да стане градоначалник, водеше престижна и реномирана компанија со голем број вработени. Нема никакви валканици зад себе, туку има работа и свои дела, и затоа во него може да гледаме како на личност која мора да се праша за одредени собитија и премрежја во општеството.

Постизборните денови во опозициониот табор му носат преиспитувања за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ. На 16 јули, Јанчев е првиот човек што изјави дека ВМРО-ДПМНЕ по три изборни пораза мора да се реформира и Мицкоски да си замине од лидерската позиција. Во некоја смисла, засега притаено, ама сепак будно: Јанчев ја озваничува својата кандидатура за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ; партијата во период што ни следи ќе мора да се ребрендира во идејна, политичка и вредносна смисла ако сака повторно да биде важна и политички релевантна политичка партија.

Елементарниот човечки разум ни вели дека Јанчев заслужува шанса да биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. И таа поддршка треба да дојде од сите страни, прво треба да дојде од нивната партија и членство, а потоа треба да дојде од сета „политичка и демократска“ јавност во земјата, било да е партиска, било да е вонпартиска. Време нема многу, ресурси од сите видови уште помалку. Ама примерите од другите земји ни покажуваат дека вакви „бочни“ кандидати, со соодветна поддршка, понекогаш суштински ги менуваат правилата на игра, и тоа таму каде што се мислело дека долго ништо нема да се промени.

Потценувањето ќе им се одбие од глава

Таквата состојба најмногу ја чувствува Мицкоски и неговите „епигони“, заслужни за сета брука и несреќа на оваа земја. А потценувањето што го имаат спрема Јанчев – како маргинален играч во македонската политика – ќе им се одбие од глава.

Дали ќе успее Митко Јанчев во реформирање на ВМРО-ДПМНЕ, сепак зависи од самите граѓани. Добро, тука е важна и кредибилната понуда од политички профили со кои Јанчев ќе се опкружи (во смисла на „минатиот труд“ на кадрите што ќе предводат), за да не може некој утре да се правда со, ете, на пример, да не знае што да прави со својот глас.

Ако се гледа на работите од овој агол, не може човек да рече дека ништо не се случило. СДСМ победи, односот на сили е таков каков што е, и тоа не може никого да изненади. Зоран Заев ќе состави влада, тоа е повеќе од јасно. Поддршката му стигна – покрај граѓаните – и од највисоките места, како што се Брисел и Вашингтон. Останува уште што ќе биде со опозицијата, која нужно мора да се реформира.

Јанчев може да биде голем играч на политичката сцена, зад себе има инфраструктура и, најважно, го има својот град Кавадарци како еден од петте најсилни града во земјата. Понекогаш, на шега велам, ако јас бев на негово место, со сигурност ќе јуришав на Берлин и Менхетен, а дури потоа на лидерска позиција во партијата.

Сѐ на сѐ, Митко Јанчев може да биде „вистински клуч“ за една идна длабока и важна промена во ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори се брзо, за малку повеќе од една година. Сакам да кажам дека не е доцна ако навреме се тргне и ако се знае каде и за што се оди.

The post Градоначалникот Јанчев заслужува шанса appeared first on Слободен печат.


Градоначалникот Јанчев заслужува шанса was first posted on јули 26, 2020 at 10:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....