-6.2 C
Скопје
07:08 - 25 ноември, 2024

Гардијан: „Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарец

Критичарот на „Гардијан“ Питер Бредшоу, кој воедно е и еден од најдобрите филмски критичари во светот, ги искажал своите предвидувања за тоа кој ќе ги добие оскарите во оделните категории на годинешното доделување на Оскарите.

За најдобар филм Оскар ќе добие филмот на Сем Мендес „1917“. Оскарот за најдобар режисер ќе го понесе режисерот на „Паразит“ Бонг Џoн-Хо.

За најдобар актер Оскарот ќе го добие Жоакин Феникс од филмот „Џокер“ , а за најдобра актерка со Оскар ќе биде крунисана Рене Зелвегер за „Џуд“.

Оскар за најдобар Документарен филм според врвниот филмски критичар на „Гардијан“ Питер Бредшоу, ќе добие македонскиот документарен филм „Медена земја“.

За најдобар Интернационален филм, според Бредшоу, оскарот ќе го добие корејскиот „Паразит“.

Питер Бредшо освен предвидувањата кој ќе добие оскар, сугерира кој би требало да добие оскар и кој требало да добие номинација.

Церемонија на Деведесет и второто доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари (недела, после полноќ) во Холивуд во театарот Долби. И оваа година на церемонијата на доделувањето на Оскарите нема да има водител.

Комплетните предвидувања на Бредшоу за водечките категории, тука.

The post Гардијан: „Медена земја“ ќе добие Оскар за најдобар документарец appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....