23:25 - 6 јули, 2026

Фотографијата што го обиколи светот: Афроамериканец спасува белец за време на насилните протести во Лондон (ФОТО)

Фотографијата од протестот во Лондон, на која Афроамериканец, еден од учесниците на демонстрациите „Црните животи се важни“, носи повреден белец го обиколи светот.

Афроамериканецот кој го носеше повредениот белец низ маса на бесни демонстранти рекол за Си-Ен-Ен дека тоа го направил за да се избегне катастрофа.

Патрик Хачинсон навел дека тоа бил првиот протест на кој присуствувал, а дека му помогнал на белецот бидејќи не сакал главната причина за протестите да се изгуби во еден момент на насилство.

Хачинсон рекол дека го видел мажот како лежи на скалите во положба на фетус опкружен од демонстрантите и веднаш помислил дека мора да го однесе на сигурно.

Повеќе од 100 луѓе биле уапсени во саботата на протестите во Лондон. Протестите за барање на реформи во полицијата, откако полицијата во САД во различни инциденти уби двајца Афроамериканци, се проширија низ целиот свет.

The post Фотографијата што го обиколи светот: Афроамериканец спасува белец за време на насилните протести во Лондон (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Фотографијата што го обиколи светот: Афроамериканец спасува белец за време на насилните протести во Лондон (ФОТО) was first posted on јуни 15, 2020 at 9:47 am.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....