Српската државјанка Маја Стојковиќ, која живее во Кефалонија, засекогаш ќе го памети невремето што ја подоги Грција. Додека ураганот Јанос остави руини зад себе и зеде три животи, Маја роди здраво девојче Теодора. Мајката и бебето се добро.
Кефалонија беше погодена од ураганот Јанос во истиот момент кога се роди малата Теодора. Бебето имало 3.600 грама при раѓањето и било долго 54 сантиметри.
Маја вели дека породилната болница е новоизграден дел од главната болница во Аргостоли.
– Веројатно изолацијата и добрите прозорци влијаеја да не бидеме воопшто свесни за невремето надвор – објаснила среќната мајка.
Како што додава Маја Стојковиќ, поголемиот дел од островот бил без електрична енергија и вода во одредени периоди за време на викендот, така што болницата е можеби единственото место што имало непрекинато снабдување со електрична енергија поради генераторот.
– Тука немаше паника. Ми се чини дека паниката започна кога луѓето ги видоа последиците од невремето – рекла Маја.
Овој дел на Грција претрпе голема материјална штета. Стариот пешачки мост во Аргостоли беше оштетен, пристаништето беше оштетено, столбовите беа извлечени.
Жителите на Кефалонија велат дека ова не е ништо во споредба со штетите што ги претрпеа северниот дел на островот и Асос – едно од најубавите места во Кефалонија.
The post Филмска приказна на Србинка во Грција: Роди девојче додека ураганот Јанос беснееше во Кефалонија appeared first on Слободен печат.
Филмска приказна на Србинка во Грција: Роди девојче додека ураганот Јанос беснееше во Кефалонија was first posted on септември 20, 2020 at 10:57 pm.