6.8 C
Скопје
01:37 - 28 април, 2024

„Бонасера мистер президент“: Давид Сасоли е новата жртва на руските пранкери Вован и Лексус (АУДИО)

Претседателот на Европскиот Парламент (ЕП), Давид Сасоли е најновата жртва на руските пранкери Лексус и Вован кои го измамија и македонскиот премиер Зоран Заев. Во нивната најнова шега биле во улоги на лидерката на опозицијата во Белорусија, Светлана Тихановскаја и претседателот на Литванија, Гиган Нусед. Снимката во времетрање од 23:50 минути е поставена на Јутјуб каналот „енвер јусуф“

– Загрижени сме за ситуацијата во Белорусија и будно ја следиме ситуацијата. Како сте вие?, прашува Сасоли кој во разговорот со зборува на италијански јазик и користи преведувачка.

Лажната Тихановскаја му вели на Сасоли дека е добро и изразува благодарност што нашол време за разговор со оглед на пренатрупаната работна агенда што ја има. Набрзо потоа во остварениот контакт се вклучува и лажниот претседател на Литванија кој го најави Тихановскаја дека е со неа.

– Бонасера, му вели лажниот Нусед на Сасоли.

Сасоли го прашува како е, па се заблагодарува за „се што го прави“, алудирајќи на поддршката што ја дава на белоруската опозициска активистка која ја поканува во посета на Европскиот парламент.

– Ќе бидеме навистина среќни ако госпоѓата Тихановскаја го посети Парламентот. Тоа мислам дека ќе биде значајно за европско јавното мислење“, порачува Сасоли.

Претседателот на ЕП изразува загриженост за настаните во Белорусија за кои вели дека се следат со будно внимание на што лажната Тихановскаја прашува дали Европската Унија (ЕУ) ќе воведе некакви санкции.

The post „Бонасера мистер президент“: Давид Сасоли е новата жртва на руските пранкери Вован и Лексус (АУДИО) appeared first on Слободен печат.


„Бонасера мистер президент“: Давид Сасоли е новата жртва на руските пранкери Вован и Лексус (АУДИО) was first posted on септември 21, 2020 at 8:59 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....