11.8 C
Скопје
02:46 - 25 април, 2024

Филипче побара санкции кон одговорните за прекршувањето на протоколите на концертот на Петар Грашо

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги повика надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните за еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола.

Тој на својот фејсбук профил појасни дека заедно со Комисијата за заразни болести имал средби со организаторите на настани каде ги утврдиле усвоените протоколи, според кои настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет.

„Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имавме неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50% публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител“, напиша Филипче.

Организаторот на настанот, според министерот, е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува.

„Грижата за колективното здравје е заедничка одговорност, која во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот. Ги повикувам надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните“, пишува Филипче на фејсбук.

The post Филипче побара санкции кон одговорните за прекршувањето на протоколите на концертот на Петар Грашо appeared first on Слободен печат.


Филипче побара санкции кон одговорните за прекршувањето на протоколите на концертот на Петар Грашо was first posted on август 22, 2020 at 5:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....