9.8 C
Скопје
05:23 - 18 мај, 2024

Две приколки поставени во паркчето ги вознемирија жителите на Карпош

Две приколки поставени во паркчето лоцирано на аголот помеѓу улицата „Никола Тесла“ и булевар „Партизански одреди“ во Карпош 2  и мноштво работници, ги вознемирија жителите, кои претпоставија дека во паркот ќе почне нешто да се гради. Овој парк е во приватна сопственост, а според  ДУП Градска четврт 3 08, донесен во 2015 година, тука е планирано да никне станбен објект.

Од Општина Карпош негираат дека станува збор за почеток на градежни активности за објект и тврдат дека ќе направат сѐ да се сочува паркот и зеленилото.

– Не е издадена дозвола за градба за посочениот дел. На тој потег е укинат и Деталниот урбанистички план од Уставниот суд – велат од Општината и додаваат дека приколките се поставени од Град Скопје.

Вчера наутро работниците со багери ја прекопуваа земјата на триаголникот во близина на паркчето, активност што претставува ситен зафат за да се поставуваат приколки со алати и опрема. Од Град Скопје велат дека се планирани покрупни активности.

– Посочените приколки се поставени за потребите на екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, поточно во нив се чува опремата и материјалите што се користат при поголемите активности. Конкретно на оваа локација тие се поставени бидејќи се планирани поголеми и подолги зафати, поточно на оваа микролокација се предвидени реконструкција на зеленилото и жардиниерите од двете страни на булеварот „Партизански одреди“ – објаснуваат од Град Скопје.
Деталниот урбанистички план ДУП Градска четврт 3 08  претходниот Совет на Општина Карпош, во време кога градоначалник на Карпош беше Стефчо Јакимовски, го донесе пред повеќе од пет години на седницата одржана на 22.2.2015 година.

Паркот, наместо да остане јавна зелена површина, многу неопходна во урбаниот живот, сега, според податоците од Катастар што се јавно достапни, е поделен на неколку парцели, кои се водат како неизградено градежно земјиште, со вкупна површина од околу илјада метри квадратни и е во приватна сопственост на една трговска фирма. Прашањето е како овој простор од зелена јавна површина станал градежно земјиште и поминал во приватна сопственост.

На потег е Општина Карпош, која со интервенција во ДУП, кој е укинат од Уставен суд, може да го измени планот за овој дел и да го зачува паркот. Се разбира, за да се изведе тоа, потребна е и промена на намената во новиот Генерален урбанистички план, затоа што и во актуелниот на ова место е вцртана зграда.

The post Две приколки поставени во паркчето ги вознемирија жителите на Карпош appeared first on Слободен печат.


Две приколки поставени во паркчето ги вознемирија жителите на Карпош was first posted on јули 21, 2020 at 9:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....