10.8 C
Скопје
01:44 - 29 април, 2024

ДУИ ги отвора картите и ги затвора вратите за коалицирање

ДУИ продолжува да ја турка идејата за премиер Албанец, иако идејата беше оценета како евтин популистички трик во обид да се остане во фокусот на политичките случувања, во недостиг на друга политичка понуда, или како идно алиби за евентуален пораз на претстојните парламентарни избори.

Високиот партиски функционер Бујар Османи изјави вчера дека проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ, туку важно парче од мозаикот на стратегијата на ДУИ за постигнување целосна еднаквост, која ќе се заврши со уривање на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани.

– Во оваа држава сите сме еднакви, секој има право да биде избран и да избира. И оттука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста, кој ќе ги урне сите стереотипи и табуа дека во оваа држава сѐ уште постојат места каде што Албанците не можат да пристапат – рече Османи.

Во соопштение во кое ја елаборира идејата за премиер Албанец, ДУИ укажува дека „Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега предводат најмногу позиции од кога било, клучни позиции како судии во Врховниот и во Уставниот суд, министри во клучни министерства, претседател на Собрание и многу други“.

„Но поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со тешкотии на работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда. Затоа, ова нѐ поттикна да го преземеме следниот чекор за да ги тргнеме и последните тешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв премиер Албанец во Северна Македонија – се вели во соопштението.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за, како што ја нарекуваат, „албански претседател на Владата“.

„Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата. Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме“ – наведува ДУИ, додавајќи дека „сега е наше време“ и дека „заедно можеме да испишеме историја, за нас Албанците, но и за целата држава“.

Претходно ДУИ објави и видео, само на албански јазик, со истите пораки, во кое ги повикува сите Албанци на обединување. Во видеото ја спомнува и паравоената формација ОНА.

Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ за предлогот на ДУИ рече дека е тема што не треба да се третира, бидејќи е несериозно и ниско и може да предизвика само контраефект.

– Луѓето се свесни дека ова е лага и дека нема ништо од тоа. Многу луѓе го гледаат и како потценување на интелигенцијата. Сите знаат дека мнозинството го прави премиерот. И за да имате стабилна влада, тоа го прави најголемата партија. Можен е и поинаков договор, но тоа е прашање на договор, а не на однапред подготвена платформа. Сметам дека ова е подготвување терен за ДУИ да се оправда дека дефинитивно ќе биде опозиција – рече Биљали.

Според Биљали, на овие парламентарни избори во албанскиот политички блок се можни изненадувања. Смета дека партиите треба да излезат со конкретни понуди, а не со идеи за ситни политички поени.

Комуникологот Бојан Кордалов вели дека не само кај нас, туку и во регионот уште долго време партиите предизборно ќе ловат гласови со национализам.

– Во поголем број земји од нашето опкружување, национализмот како тема уште долго нема да биде заобиколена. Прашањата поврзани со голиот национализам полека ќе одат во историјата и ќе останат да бидат поединечни или повеќе изолирани теми. Не можеме да сметаме дека целосно ќе се исфрлат и дека нема да ги има, тоа, за жал, нема да се случи – рече Кордалов.

Кордалов смета дека во албанскиот политички блок подоминантна тема ќе биде како да се урне ДУИ од власт.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, коментирајќи ја идејата на Ахмети за премиер Албанец, рече дека тој е мандатар, и ако е ова услов на Ахмети за коалициска соработка по изборите, ДИУ нема да биде од дел од идната владина коалиција.

По распишувањето на изборите, Демократската унија за интеграција најавуваше позитивна предизборна кампања, која, како што тогаш се најавуваше, ќе биде базирана на пет основни столба – консензуална интеграција, неселективна правда, развој и работни места, младите на прво место и квалитетен живот.

– Секогаш сме за позитивна кампања, кампања во која секој субјект ќе се занимава со својата програмска понуда, со рекламирање на својата политичка платформа, а не на штета на другите партии – изјави тогаш за Алсат, Арта Билали-Зендели, претставничка на ДУИ.

The post ДУИ ги отвора картите и ги затвора вратите за коалицирање appeared first on Слободен печат.


ДУИ ги отвора картите и ги затвора вратите за коалицирање was first posted on јуни 9, 2020 at 8:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....