10.8 C
Скопје
15:13 - 19 декември, 2024

Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно

Џексон за својот живот имал многу желби, но прераната смрт го спречи во остварувањето на истите…

Починатиот крал на поп сцената, Мајкл Џексон, имал многу свои теории на заговор, но и неверојатни идеи во текот на својот живот, а сето тоа е откриено во новата книга која овие денови ја објави истражувачкиот новинар Дилан Хауард.

Фото: Инстаграм

Во извадоци од книгата на Хауард „Bad: An Unprecedented Investigation Into the Michael Jackson Cover-Up”, објавени се белешки од дневникот кој го пишувал самиот пејач.

Имено, тој тоа што го посакувал – го постигнал, а тоа е да стане „вечен“, односно негово име да биде вечно, како што се Чарли Чаплин и Волт Дизни.

Фото: Профимедиа

Тој посакувал и за време на својот живот да стане првиот милтимилијардер, бидејќи според наводите во неговиот таен дневник кој го водел, планирал да оствари заработка од дури 20 милиони долари неделно.

Освен тоа, постои уште нешто што не го постигнал, а тоа е неговата желба да направи римејк на филмот „20.000 Leagues Under the Sea” i “The 7th Voyage of Sinbad”.

Фото: Инстаграм

– Доколку не се сконцентрирам на филмот, нема бесмртност, напишал пејачот во своите мемоари кои се објавени во споменатата книга.

Покрај желата за бесмртност, Џексон имал и мрачни мисли, па така тој постојано пишувал за своите стравови дека некој сака да го убие, како и тоа дека некој ќе го уништи.

Фото: Профимедиа

– Се плашам дека некој се обидува да ме убие. Злобни се луѓето во светот. Сакаат да ме уништат и да ми ја земат издавачката куќа.

Според зборовите на авторот Хауард, книгата е напишана така што дава интимен увид во умот на суперѕвездата како зависник од дрога, додека се подготвувал последниот пат повторно да ја поврати кариерата и да ги отплати долговите, кои се зголемувале од ден во ден.

Фото: Инстаграм

Мајкл почина во 2009 година на 50 годишна возраст додека се подготвуваше за својата турнеја „This Is It”, од последици од предозирање со пропофол и бензодиазепин кои му ги дал неговиот личен лекар Конард Мареј.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пред, но и под смртта беше обвинуван за злоставување на деца, а последните обвинувања излегоа во бизарната документарна серија „Leave Neverland” од авторите Вејд Робсон и Џејмс Сафечук.

The post Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно appeared first on Слободен печат.


Детали од дневникот на Мајкл Џексон: Стравувал дека ќе го убијат, посакувал бесмртност и 20 милиони долари неделно was first posted on јули 12, 2020 at 6:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....