7.8 C
Скопје
06:39 - 27 април, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА: Свети петнаесет Тивериополски маченици

Свети петнаесет Тивериополски маченици

За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да се откаже од неговата вера и не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Епископот Теодор беше учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Оставајќи го Солун се преселија во Тивериопол каде што најдоа можност да го сеат словото на нашиот Господ Исус Христос во душите на побожните луѓе. Преку нив стана сенародното просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината. Кон овие четворица притекнаа и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што беа презвитери, и Василиј и Тома коишто беа ѓакони, Јеротеј, Даниил и Харитон коишто беа монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сè и стана дел од овој добар чин на отците. Кога за ова дозна царот Јулијан испрати луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници беа повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакаа да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш беа осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршија својот благочестив живот, нивните чесни тела многу денови стоеја зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запази недопрени и неповредени така што оние што ги гледаа го прославуваа Христа Бога. Подоцна, некои христијани се собраа и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткаа во чисти плаштаници и откако ги извршија сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците вршеа големи чудеса, не само на месните жители, туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапуваа кон верата Христова и се крштеваа. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не остана ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол стана како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздаваше и на другите градови светлината на верата и ги враќаше од мракот на заблудата оние што се наоѓаа во длабокото море на неверието. Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

Слични објави

Голем неделен хороскоп: Следува лош период за Вагите, Водолиите влегуваат во нова животна фаза

Т.Ц.

Луксузен избор за незаборавна матура: Jewelry Palace SJ – каде што секое парче накит раскажува своја приказна

Еспресо

(Видео) Прво појавување на Зорица Брунцлик на Пинк по операцијата – пејачката ја откри својата состојба

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ на својата мајка Мелина ѝ купила пижами како свадбен подарок: Од нивната цена ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

(Фото) Бремената Едита Арадиновиќ едвај го завршила настапот: Пејачката се огласи 

Еспресо

(Фото) Пеѓа Јовановиќ ја има најфаталната сопруга на естрадата: Ја однел во Италија, а таа во стајлинг од 6.000 евра

Еспресо
Се вчитува....