23.8 C
Скопје
19:19 - 29 април, 2024

Д-р Пановски: Седам на плажа во Охрид и гледам дека освен келнерите, никој не носи маска

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски смета дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

– Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска – изјави д-р Пановски за Телма.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како што е тој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

– Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските, а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно – рече професорот.

Тој укажува дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

The post Д-р Пановски: Седам на плажа во Охрид и гледам дека освен келнерите, никој не носи маска appeared first on Слободен печат.


Д-р Пановски: Седам на плажа во Охрид и гледам дека освен келнерите, никој не носи маска was first posted on август 1, 2020 at 5:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....