20.8 C
Скопје
20:02 - 5 мај, 2024

Д-р Митов: Во Европа вирусот многу брзо се враќа доколку конците се испуштат од контрола (ВИДЕО)

Имаше очекувања од релевантни експерти дека топлото време би ни помогнало. И тоа не беше лаички став. Но, се испостави дека тоа не е така. Пролетта силно е напредната и во сите земји во северната хемисфера имавме зголемен раст и на температурите и на бројката на заболени. СЗО имаше изјава дека минатата недела имаше рекорд на заболени на светско ниво, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

Вирусот се враќа во Европа, па според потребите се прилагодуваат и начините на лекувања.

-Сметам дека треба да прифатиме дека многу работи не знаеме, дека многу работи ќе се сменат, и најголемите светските научници се со став дека треба да се биде претпазлив и да видиме што ќе се случи. Во Европа вирусот многу брзо се враќа, доколку конците се испуштат од контрола. За експертите е карактеристично дека при евентуална промена на доказите, би дошло до евентуално менување на ставот. Тие луѓе носат одлуки исклучиво на научни студии од различни земји. Како се следи однесување така и се прават промените.

Она што за јавноста како порака би го пратил е дека сите медицински препораки и начини за лекување периодично се менуваат. Ние имаме и како обврска да ја следиме таа редовна динамика на менување на лекувањето. Тоа не треба никого премногу да го чуди, вели д-р Митов.

Проследете го целото гостување на д-р Александар Митов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“:

 

The post Д-р Митов: Во Европа вирусот многу брзо се враќа доколку конците се испуштат од контрола (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Д-р Митов: Во Европа вирусот многу брзо се враќа доколку конците се испуштат од контрола (ВИДЕО) was first posted on јуни 9, 2020 at 9:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....