-0.2 C
Скопје
03:54 - 28 ноември, 2024

Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО)

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион во североисточната Харковска област порасна на 25, соопштија од Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител.

„Според прелиминарните информации, 25 лица загинале. Две се префрлени во болница во сериозна состојба“, наведе канцеларијата.

Според наводите на украинските служби за вонредни ситуации, 27 лица се наоѓале во авионот, а не 28 како што беше објавено претходно, пренесува ТАСС.

Од канцеларијата наведуваат дека е покрената постапка поради обвинувањата за кршење на правилата за безбедност на лет и подготовки за лет, „кои довеле до катастрофа и други сериозни последици“.

Во меѓувреме, властите во Харковската област во Украина денеска прогласија Ден на жалост па  поради падот на украинскиот авион Ан-16.

Во уредбата, објавен на сајтот на администрацијата, се наведува дека на Денот на жалоста националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на сите згради на државните власти, претпријатијата, агенциите и организациите и дека на нив ќе биде ставена лента во знак на тага.

Сите забавни и спортски натпревари би требало, според препораките да бидат откажани. Како што соопштија претходно, кадетите од Харковскиот универзитет за воздухопловни сили изведувале тренинг лет. На интернет се објавени снимки од местото на падот.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека денеска ќе ја посети Харковската област, каде се урна воениот авион.

The post Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО) was first posted on септември 26, 2020 at 9:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....