1.8 C
Скопје
01:26 - 28 ноември, 2024

Австриската влада сака да спречи ново затворање на економијата

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер истакнува дека Владата сака да спречи ново затворање на економијата и општеството со сите свои сили и дека таквата мерка може да се случи само доколку контролата над ситуацијата целосно се изгуби.

Аншобер за виенскиот дневен весник „Естерајх” изјави дека Австрија сега се соочува со пресврт – стабилизација и постепено подобрување во најдобар случај или 2.500 случаи на инфекција на ден во најлош случај.

На прашањето дали тоа најлошо сценарио ќе значи ново затворање, Аншобер рече дека дури и со тие бројки, тоа нема да се стори.

„Ново затворање може да следи само ако целосно ја изгубиме контролата, ако се урне нашиот здравствен систем, а тоа е она што е предвидено со Законот за Ковид. Се уште сме далеку од тоа”, изјави Аншобер.

Говорјќи за моменталната состојба, тој рече дека зголемувањето на бројот на новоинфицирани на 7 и 8 септември е многу загрижувачко, и дека сега растот е успешно запрен, а бројот е стабилизиран, иако се уште е на високо ниво.

Аншобер додаде дека причините за тој раст се повратниците од одмори, но и забавите по регионалните спортски настани и непочитувањето на работното време во угостителските објекти, како и приватните забави.

Според него, врз основа на воведените мерки, бројот на заразени значително ќе се намали во првата половина на октомври.

The post Австриската влада сака да спречи ново затворање на економијата appeared first on Слободен печат.


Австриската влада сака да спречи ново затворање на економијата was first posted on септември 27, 2020 at 9:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....