26.8 C
Скопје
09:32 - 22 јуни, 2026

Американските санкции ја чинат економијата на Иран 150 милијарди долари

Иран загуби приходи од 150 милијарди долари откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2015 година и повторно воведе санкции за нашата економија, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

Мерките на САД исто така го попречуваат увозот на медицински материјали и храна, рече Рохани во изјава за државната телевизија.

Иранската економија тоне во последните две години, со забрзување на инфлацијата и раст на невработеноста.

Извозот на сурова нафта, од кој земјата е во голема мера зависна, е помал за 10 отсто од нивото пред САД да се повлечат од мултилатералниот договор во мај 2018 година.

Односите меѓу САД и Иран се во најлош период од исламската револуција во 1979 година, а последните две години беа одредени од безбедносната криза предизвикана од повлекувањето на Трамп од нуклеарниот договор, што кулминираше со атентатот врз генералот на Иран, Касем Сулејмани во јануари.

Во меѓувреме, американските власти објавија нови санкции против Иран оваа недела. Новите санкции против Иран се дел од недоразбирање меѓу Белата куќа и европските сојузници на САД во врска со нивните односи со Техеран, што ги зголемува шансите за предизвикување криза во Советот за безбедност на ОН. 

The post Американските санкции ја чинат економијата на Иран 150 милијарди долари appeared first on Слободен печат.


Американските санкции ја чинат економијата на Иран 150 милијарди долари was first posted on септември 27, 2020 at 9:02 am.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....