На скопскиот аеродром вчера пристигнаа повеќе од 100 патници од Брисел кои беа задржани додека не им беа направени тестови за коронавирус.
Тестовите на сите 103 патници стигнаа околу 30 минути по полноќ, по што директорот на ТАВ кој беше на смена излезе и соопшти дека сите тестови се негативни.
Атмосферата на скопскиот аеродром синоќа беше многу напната. Во чекалните надвор имаше членови на семејствата на патниците кои ги чекаа резултатите, а многу од нив, загрижени од целата ситуација, не можеа да ги задржат солзите.
Фото: Арбнора Мемети
The post Атмосферата на скопскиот аеродром додека пристигнатите патници ги чекаа резултатите од тестирањето за коронавирусот (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.