30.4 C
Скопје
14:42 - 10 јули, 2026

Пациент вo Романија лажел за своите патувања и заразил 22 медицински работници со Ковид-19

Вкупно 22 медицински работници од букурешката болница „Димитрие Џерота” се заразени со новиот коронавирус, откако биле во контакт со поранешен полицаец кој таму се лекувал.

Од 49 случаи на коронавирус, потврдени вчера во Романија, 22 се поврзани со поранешниот полицаец, откако прво ги излажал докторите дека не патувал во ризична земја, и покрај тоа што претходно бил во Израел.

Поголемиот дел од 22-та медицински работници се примeни во болницата „Виктор Бабеш” во Букурешт.

Групата за стратегишки комуникации потврди 29 нови случаи на зараза во Романија.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата изнесува 246 лица.

The post Пациент вo Романија лажел за своите патувања и заразил 22 медицински работници со Ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....