Собраниската седница за избор на претседатели, заменици на претседателите, членовите и нивните заменици на 20 -те комисиите доцни речиси час и половина. Според неофицијални информации, седницата не почна навреме поради тоа што во моментов се одлучува дали пратеникот од ДУИ Арбен Зибери, кој беше заболен од коронавирус и кој се лекуваше на инфективната клиника, ќе гласа од своето пратеничко место или пак според здравствените протоколи во кабинет.
Според последните информации, тестот на Зибери бил негативен и тој ќе присутвува во Собранието на седницата за гласање. Политичките партии постигнаа консензус за составот на работните тела во Собранието, а за оваа точка во петокот се одржа и седница на Комисијата за прашања на избори и именување.
Со денешното изгласување на собраниските комисии пратениците веќе од следната седница ќе можат да усвојуваат закони и да донесуваат одлуки.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ ќе раководи со комисиите за европски прашања, за здравство и за уставни прашања, Беса со комисијата за култура, а АА и Алтернатива со комисијата за труд и социјала.
Според Џафери, на оваа седница нема да има други точки на дневнит ред бидејќи материјалите претходно треба да поминат на соодветните собраниски комисии.
По првата точка, се очекува спикерот да даде пауза, а по паузата да продолжи со втората точка верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
The post Арбен Зибери има негативен тест, се чека одлука како ќе гласа, од место или од кабина appeared first on Слободен печат.
Арбен Зибери има негативен тест, се чека одлука како ќе гласа, од место или од кабина was first posted on септември 14, 2020 at 12:45 pm.