13.8 C
Скопје
15:30 - 18 ноември, 2024

Анти-владини протести во Бугарија: Над 120 приведени демонстранти и 100 повредени полицајци (ФОТО)

Најмалку 120 приведени демонстранти и околу 100 повредени полицајци, од кои 15 хоспитализирани е биланост од вчерашните протести во Софија против бугарската Влада.

–  Она што се случи беше маратон на немири. Во Софија од раните часови дојдоа секакви луѓе да ја изразат својата волја и да протестираат. За жал, многу луѓе дојдоа да шират тензии. Бевме ставени на тест за да трпиме додека околу нас паѓаа повредени полицајци. Многу бомби, многу пиротехника. Тактиката во текот на целиот ден беше насочена кон поштеда на животот и здравјето на демонстрантите изложени на ризик по животот и здравјето на полицијата, изјави заменик-директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, Антон Златанов, јави БГНЕС.

– Само во утринските часови, повеќе од 100 полицајци беа повредени, од нив 15 примени во болница, додаде Златанов.

Фото: EPA-EFE/Borislav Troshev

Тој вели дека пиротехничка материја експлодирала во полициски автомобил. Рачно изработената направа била фрлен во автомобилот откако демонстрант скршил еден од прозорците. Повеќе од 60 лица беа приведени само синоќа од вкупно 120. Околу 60 од нив имаат криминално досие.

– Имаше многу бомби, импровизирани експлозивни направи, експлозија во полициски автобус, имаше големи петарди, рече Златанов.

– При масовни безредија, секогаш има жртви од обете страни. Не е нормално политичарите или припадниците на јавноста да повикуваат на нарушување на јавниот ред и мир и напад врз полицајците. Никогаш не сум видел поблага полициска тактика од оваа. Ризик беше нашите вработени да бидат повредени и многумина од нив беа повредени, коментира Антон Златанов.

Фото: EPA-EFE/Borislav Troshev

Тактиката на бугарската полиција утрово ја бранеше и директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи Георги Хаџиев.

– Вчера бевме сведоци како со часови беше напаѓана полицијата со пиротехника, камења, плочки, метални цевки. Како резултат на тоа, беше потребно дел од оваа агресивна толпа да се подели и потисне. Единствената цел беше да се обидеме да ги спасиме животите на нашите вработени и мирните демонстранти, потенцира Хаџиев.

Фото: EPA-EFE/Borislav Troshev

– Нашата тактика беше пасивна и воздржана. Јас ја поддржувам одлуката донесена од раководството на теренот. Шаторските кампови, како слободна форма на протест, се покажаа како добро засолниште за чување на импровизирани експлозивни направи и некои од тврдите предмети, додаде Хаџиев. Јас категорично негирам употреба на невропаралитички гас од полицијата, одговори Хаџиев на новинарско прашање по тврдењата на социјалните мрежи дека бил употребен таков гас

Фото: EPA-EFE/Borislav Troshev

Тој појасни дека откако утврдиле дека во шаторите на демонстрантите се кријат саморачно направени експлозивни направи, преземена е полициска операција за отстранување на блокадите и сега движењето е обновено, појасни тој.

The post Анти-владини протести во Бугарија: Над 120 приведени демонстранти и 100 повредени полицајци (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Анти-владини протести во Бугарија: Над 120 приведени демонстранти и 100 повредени полицајци (ФОТО) was first posted on септември 3, 2020 at 8:50 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....