0.8 C
Скопје
17:52 - 22 декември, 2024

Андоновиќ: Постизборни протести и негодување на актуелната политичка слика во регионот (ВИДЕО)

Во повеќе градови во Србија шести ден по ред продолжија протестните собири. Граѓаните излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство од состојбата во земјата, но и начинот на кој државата се бори против коронавирусот.

Протестите во Белград, кои започнаа во вторникот, синоќа поминаа без инциденти и со учество на значително помалку граѓани отколку во претходните денови. На митингот немаше говорници, а собраните граѓани стоеја во групи, носеа транспаренти и повремено викаа пароли против властите. Пред зградата на Собранието на Србија немаше многу полицајци, но помали полициски сили беа присутни зад зградата и во околината. Синоќа заедно со лицата кои протестираат пред зградата на собранието во Белград беа и Драган Ѓилас и Борко Стефановиќ од опозициската Партија на слободата и правдата. Граѓаните собрани на протестот во Ниш ги повикуваа полицајците да им се придружат.

Во меѓувреме, Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „насилниците“ кои предизвикале инциденти пред зградата на парламентот во претходните денови ќе одговараат за тоа.

„Сторителите ќе бидат поразени, поголемиот дел од нив ќе бидат приведени и ќе треба да одговараат за сите злосторства што ги извршиле“, изјавил Вучиќ синоќа на телевизиско интервју за телевизија Пинк.

Вучиќ изминатиов викенд беше на средба со косовскиот премеир Хоти, средба која беше организирана во посредство на ЕУ. Состанок претставува прв од ваков тип по повеќе од година, откако беа блокирани преговорите меќу Белград и Приштина за конечниот косовски статус.

Српскиот престедател Вучиќ по средбата изјави дека се труди Србија да добие што повеќе, да изгуби што помалку и да врати дел од загубеното на Косово. Косовскиот премиер Хоти пак по средбата во Брисел кратко изјави дека Приштина останува да инсистира „на нормализација на односите со Белград по меѓусебното признавање“.

Протести во регионот има и во Софија каде илјадници демонстранти вчера одржаа четврти ден протести против корупцијата во владата и најавија дека повеќе слични митинзи се закажани за денеска пред да биде одржан нов протест низ целата земја подоцна во текот на оваа недела. Илјадници луѓе го исполнија центарот на Софија во близина на претседателството и Советот на министри барајќи оставка на конзервативната влада. Протести имало и во Бургас, Пловдив, Варна, Благоевград и Габрово,

Протестите беа предизвикани од рацијата на 9 јули од страна на јавното обвинителство во кабинетот на претседателот Румен Радев. Во рамките на акцијата беа задржани на сослушување секретарот за борба против корупцијата и советникот на Радев за безбедност и одбрана, а нивните канцеларии беа претресени како дел од две одделни истраги за влијанија и откривање на државни тајни. Тоа предизвика лутина во јавноста и доведе илјадници демонстранти на улиците на Софија за да ги осудат рациите како напад на владата и на јавниот обвинител врз Радев.

The post Андоновиќ: Постизборни протести и негодување на актуелната политичка слика во регионот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Постизборни протести и негодување на актуелната политичка слика во регионот (ВИДЕО) was first posted on јули 13, 2020 at 9:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....