11.8 C
Скопје
02:00 - 4 мај, 2024

Андоновиќ: Нова американска офанзива на Балканот -Трамп го испраќа Гренел да ги забрза преговорите Белград Приштина (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп го испраќа специјалниот претставник Ричард Гренел да ги забрза преговорите и да го засили притисокот врз Белград и Приштина за изнаоѓање компромис околу косовскиот статус. Ричард Гренел кој е човек на Трамп од најголема довреба, добил задача од Трамп да се фокусира единствено на оваа дипломатска мисија. Гренел инаку е и амбасадор на САД во Германија и до неодамна в.д директор на националните разузнавачки служби. Гренел ја презема улогата на таканаречен ,,булдожер дипломат“ по урнекот на некогашниот американски претставник Ричард Холбрук, кој како претставник на тогашната американска администрација на Бил Клинтон посредуваше во дијалогот меѓу завојуваните поранешни југословенски републики и со тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Сепак, Гренел ќе чека да се формира новата косовска влада и резултатите од исход на изборите во Србија закажани за 21 јуни по што ќе го продолжи дијалогот.

Со испраќањето на Гренел на Балканот, според анализите, Трамп се обидува што поскоро да го реши косовскиот проблем. По низата неуспешни дипломатски акции кои беа пропратени со воинствена реторика и закани, се чини дека Трамп сепак на крај ќе се обиде да го реши косовскиот проблем. На Трамп му е потребна некаква меѓународна победа со цел да го прикаже како дипломатски успех и така да го поправи својот рејтинг кој беше нарушен пред се поради лошото справување на САД во екот на пандемијата со коронавирусот. Трамп е единствен престедател во поновата историја на САД кој за време на својот претседателски мандат не започнал ниту една меќународна војна. Тој преку диплматски пат, изминативе четири години се обиде да го реши проблемот со Северна Кореја. Иако првично имаше обид да се прикаже како успешен сепак и покрај историските две средби со Ким Џонг Ун, исходот остана ист. Не успеаа ниту воените закани кон Венецуела, Иран и Либија. Воено-политички дебакл Трамп доживеа во сирискиот конфликт каде по вмешаноста на Русија , се покажа дека САД немаат доволен капацитет за ваков тип геостратешки игри. Подоцна Трамп и објави војна и на СЗО во обид да направи алиби дека тие се виновни за катастрофаните последици во САД од коронавирусот.

Во целото досегашно претседатеско делување на Трамп, најмногу доминира неговата пресметка со Кина. Трамп уште од почеток на мандатот започна со еден вид на војна со Пекинг. Првично го обвинуваше тамошниот комунистички режим за крадење на американската интелектуална сопственост и индустриски плагијат, подоцна трговски, па пандемиски и од неодамна судир околу автономијата на Хонгконг.Сето ова во функција на зголемување на нарушената доминација на САД во светот, но и намалениот рејтинг, со кој Трамп се соочува во пресрет на американските претседателски избори закажани за 3 ноември.

The post Андоновиќ: Нова американска офанзива на Балканот -Трамп го испраќа Гренел да ги забрза преговорите Белград Приштина (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Нова американска офанзива на Балканот -Трамп го испраќа Гренел да ги забрза преговорите Белград Приштина (ВИДЕО) was first posted on мај 27, 2020 at 9:53 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....