15.8 C
Скопје
21:00 - 28 април, 2024

Андоновиќ: Бугарија пред вонредни избори – Црна Гора пред одложување на изборите? (ВИДЕО)

Единаесет дена по ред траат протестите со кои се бара оставка на владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов и на државниот јавен обвинител Иван Гешев.

На вонредна седница бугарскиот парламентот денеска ќе расправа за недоверба на Владата. Тоа ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори Кабинетот на премиерот Бојко Борисов. Во меѓувреме, во Софија и вчера – единаесетти ден по ред – се одржаа антивладини протести, чија цел е оставка на владата на Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.

За денеска е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, каде што треба да почне дебатата за гласањето за недоверба на владата, а ќе се се протестира и пред судовите. Бугарскиот премиер Бојко Борисов го обвини шефот на државата Румен Радев дека е главен сценарист на антивладините протести.

Радев возврати дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните доведе до кризаи губење на на довербата кај граѓаните. Протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопувањето на демократските институции и закони, смета Радев.

Во обид да ги намали тензиите, Борисов минатата недела побара оставки од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи со цел да ги прекине приотестите на незадовлство, но и да го избегне денешното гласање за недоверба во бугарскиот парламент. Мандатот на владата на Борисов е до март следната година, но доколку му биде изгласана недовеба во бугарскиот парламент, Бугарија ќе мора да оди на вонредни парламентарни избори.

Борисов веќе оцени дека во услови на коронавирусот е недоговорно од опозицијата и бугарскиот претседател Радев да ја туркаат државата во политичка криза, и со евентуални вонредни избори, да го зголемат ризикот од ширење на и онака растечката пандемија на коронавирусот.

Со идентичен став околу избори и корнавирусот е и Црна Гора, која за 30 август има закажано редовни парламентарни избори, но поради се поголемиот број на заболени и починати од Ковид 19 размислува изборите да ги одложи. Уставниот рок за нивно одржување е средината на октомври и според надлежните во Подгорица, „треба да им се даде шанса на здравствените работници, но и на граѓаните, ситуацијата да се подобри“.

Поради коронавирусот не треба животот да застане, но тоа не значи дека по секоја цена треба да се организираат избори во време кога епидемиолошката ситуација во земјата е лоша, сметаат властите додавајки дека „изборите мора да се одржат и покрај Ковод-19, но во рамки на уставниот рок треба да се најде термин, дури и последниот – 18 октомври.

Можеби епидемијата ќе биде силна и во октомври, но можеме да кажаме дека сме направиле се како одговорни лица и да избереме термин кој им остава простор на нашите здравствени институции да дадат одговор на сето тоа, порачаа експерите и заговорниците за пролонгирање на датумот на изборите.

The post Андоновиќ: Бугарија пред вонредни избори – Црна Гора пред одложување на изборите? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Бугарија пред вонредни избори – Црна Гора пред одложување на изборите? (ВИДЕО) was first posted on јули 20, 2020 at 9:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....