2.8 C
Скопје
15:18 - 23 декември, 2024

Албански премиер во договор со ВМРО?!

Можно е јас нешто и да сум пропуштил, но не видов некоја значајна – всушност, не видов никаква – реакција од страна на опозицијата по повод најавата на Али Ахмети дека ќе инсистира новиот премиер на следната влада да биде Албанец?! Не е таа изјава секојдневна, за така очигледно политички да се одмолчи…

Не е само ВМРО-ДПМНЕ кое е единствениот политички фактор во земјава што нема став за таа работа, туку ни еден од македонските десничарски колумнисти и коментатори, како по некаков договор, деновиве не напишаа ни еден став за таа значајна најава на ДУИ. А меѓу тие коментатори има доволен број на македонски националистички хистерици (башка, сите големи експерти за епидемиологија) кои и за многу подребни „национални“ провокации знаеле да се размавтаат со кубури и барјаци, повикувајќи на национални востанија и меѓунационални пресметки.

Тоа може да значи дека ВМРО биле консултирани за тој став на Ахмети пред да се објави. Нивниот молк подразбира согласност со таа идеја, што би било политичко освежување на македонската политичка сцена со револуционерни идеолошки последици.

Од друга страна, логичен си е молкот на ВМРО-ДПМНЕ. Со своите стари пријатели од ДУИ се во состојба сè да се договорат, само повторно да ја поделат власта. Ако дојде до тоа ВМРО да бира да се согласи со премиер Албанец или да останат и по изборите во опозиција, што мислите, каква одлука ќе донесат? … Туф, туф, голема работа кој ќе бил премиерот!

Ова посредно значи дека во предизборната кампања за изборите во првата половина од јули, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде концентрирана исклучиво на обиди за разновидни дискредитации на СДСМ, сосема препуштајќи им го „националистичкиот терен“ на ДУИ, за тие да го „трошат“ СДСМ во евентуални меѓунационални дебати. ВМРО на тие теми ќе биде „принципиелно“, незаинтересирано, „еманципирано“ од сопствената националистичка историја. ДУИ е „проблем“ на СДСМ.

Впрочем, обидете се во минатите две години да најдете макар неколку прес-конференции или партиски соопштенија или изјави на позначајни партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ во кои тие ја критикувале работата на министрите на ДУИ во Владата или, пак, ставовите на самото ДУИ… Нема да најдете ништо такво.

Тоа е така бидејќи, парадоксално, националистичката ВМРО-ДПМНЕ мисли дека националистичката ДУИ (и обратно) си се предодредени едни за други, не си конкурираат за гласови ни за еден отсто меѓу населението, а власта научија да си ја поделат „пропорционално“, на обострано задоволство, според принципот никој никому да не му се меша во експлоатацијата на ресурсите и гласачите. Совршена националистичка равенка.

Во ВМРО и денес мислат дека се работи за „историска аберација“, под притисок на „меѓународната заедница“ што ДУИ по последните избори реши да прави влада со СДСМ, а не со нив. И знаат дека ДУИ едвај чекаат таа „историска грешка“ да ја поправат.

На минатите избори ДУИ му помогна на ВМРО со „Тиранската платформа“ – ако некој, воопшто, се сеќава што беше тоа. Претходно асистенцијата беше со проектот за „консензуален претседател“. Сега таа помош се испорачува со проектот „Албанец за премиер“.

Али Ахмети тукушто го подигна влогот со нова провокација, внесувајќи ја и „2001-вата“ во дебатата. А ДПМНЕ си молчи.

Гукнете, бе, здравствени експерти!

 

Цивилмедиа

The post Албански премиер во договор со ВМРО?! appeared first on Слободен печат.


Албански премиер во договор со ВМРО?! was first posted on јуни 11, 2020 at 9:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....