-0.2 C
Скопје
02:45 - 22 декември, 2024

Адеми: Ахмети во Хаг – дали се симнува ореолот на командант и владин партнер?

Гласачите на ДУИ целиот свој ангажман го потпираа на фигурата на Ахмети како човек којшто е најголем патриот, херој и е модерниот Исмаил Кемали кај Албанците. Поканата за Ахмети во Хаг ќе доведе до искривување на оваа слика која до сега кај албанскиот гласач беше недопрена. Сите ние викавме дека може по телевизиите да ги критикуваме сите, само Ахмети беше апсолутен победник. Така што оваа слика на човек херој, модерен татко на Албанците, малку ќе биде искривена затоа што ако биде гостин или сведок, па можеби и други работи кои што би можеле да се добијат од Јавните обвинители таму секако ќе има влијание, изјави Висар Адеми, економист и политички аналитичар во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Менувањето на профилната слика на ФБ е само ПР и е порака „без мене не може да направите стабилна влада“. Милитаризмот во Македонија заврши 2002 година. Нема веќе луѓе кои што би се убивале за било кој, па и за Ахмети. Повеќе е порака до членството за евентуални протести. Милитаризацијата ,војните и кризите завршија, па мислам дека и тоа ако се осмели да го направи Ахмети ќе заврши уште полошо од Груевски, вели Адеми.

-Јас кај ДУИ не видов ниту еден капитален проект што би направиле, напротив сите влегоа во замката „премиер Албанец“.

Не може да имате функционална влада ако членот на владата му дава отчет на претседател на партија. Неодамна имавме министер кој што викаше дека мој премиер е Ахмети. Во таква консталација гледаме нефункционален систем. Нашиот е најлош. Имаме етно-центризам и сегрегација во целата кампања. Кога иамате ваква консталација не влада не можете да очекувате плод. Али Ахмети ги направи министрите, од без професија луѓе со професија, од без пари, луѓе со прави. Суштината е пари и криминал и сметам дека мора да се стави крај на таа работа, додава Адеми.

-Во Македонија се прави политички изборен инжинеринг. Не може никој да ме убеди дека во Македонија има 1.8 милиони гласачи. Тоа е прва работа. Втора работа е тоа што со години го прави ДУИ во шарските села, тетовско, Сарај…тоа нема врска со никаква идеологија. Они почнуваат со 30.000 : 0. И не верувам дека тоа го прават без знаење на челниците на најголемите партии на Македонците. Тоа е премолчено соучесништво затоа што мислат дека така имаат најдобар партнер во владата. Во таква консталација каде што почнувате со 30.000 : 0 што и да кажете ќе победите. Утре јас да направам политичка партија каде што ДУИ владее со пола Македонија јас ако добијам 200.000 гласови кај Албанците оние ќе добијат 250.000.

-Јас не очекувам стабилна влада и мислам дека во 2021 година заедно со локалните избори ќе имаме и вонредни парламентарни. Логиката води до ваков заклучок. Во ваква ситуација не можете да обезбедите просто мнозинство а камо ли 2/3 мнозинство за одредени закони, вели Адеми.

The post Адеми: Ахмети во Хаг – дали се симнува ореолот на командант и владин партнер? appeared first on Слободен печат.


Адеми: Ахмети во Хаг – дали се симнува ореолот на командант и владин партнер? was first posted on јули 24, 2020 at 10:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....