16.8 C
Скопје
14:29 - 31 март, 2025

Викторија Бекам го израдува својот сопруг со необичен подарок за Божиќ! (ВИДЕО)

Викторија Бекам (45) не можеше да престане да зборува за поклонот кој го купила за својот сопруг. Таа признала дека е многу тешко да одбере нешто специјално за човекот кој има се што парите можат да купат.

Таа открила дека на својот сопруг му купила огромна сложувалка каде тој треба да склопи фотографија од 1,000 парчиња, а на неа се нивните 4 деца.

„Што да се купи на Дејвид Бекам? Тој има се, па му купив сложувалка“, открила Викторија.

„Сложувалка со мојата фотографија хаха, се шегувам… Фотографија од децата. Но, тоа е многу комплицирана сложувалка која има 1,000 делчиња“, додала таа.

„Дејвид докажа дека е гениј во составување сложувалки и лего-коцки кога на својата ќерка Харпер со саати внимателно и ги состави сите делови“, рекла таа.

Посветениот татко порано составувал „Лего Хогвардс“ замок кој има 6,000 индивидуални делови, за да ја исполни желбата на својата ќерка која е огромен фан на Хари Потер.

Така што, не е ни чудо изборот за поклон на Викторија.

„Тој ги сака тие работи, сака лего-коцки. Инаку, мојата пријателка Ким ми предложи да му го купам тоа. За децата пак исто така припремивме специјални подароци“, додала Викторија.

 

Слични објави

(Фото) Ед Вествик стана татко: Ѕвездата на „Озборувачка“ го откри полот на детето!

Еспресo

(Фото) Свадба од бајките: Синот на Драгана Мирковиќ блесна покрај саканата на венчавка во Италија

Еспресо

(Видео) Српската водителка лее солзи радосници: Убавата Оља за првпат бремена на 41 година

Еспресо

Шок во Загреб: Хрватска пејачка претепана со бејзбол палки, се бори со тешки повреди!

Еспресо

(Фото) Десингерица влезе во студио и прекина снимање: Познатата фолкерка остана во шок!

Еспресо

(Фото) Јавоста шокирана: Јована Јеремиќ водеше утринска програма без гаќи

Еспресо
Се вчитува....