Српската водителка Оља Црногорац (41) вчера на социјалните мрежи објави дека е бремена.
Инаку, Оља во една прилика изјавила дека сака да има дете преку сурогат-мајка.
– Веста дека сè што е поврзано со детето може да се оствари со голема доза на среќа и сè се обидов да направам се во Грузија. Ова е првпат да зборувам за тоа. Нашите ембриони беа во Солун и ги префрливме бидејќи тоа не можеше да се направи во Грција. Ги префрливме ембрионите во Грузија, имаше тешкотии, бидејќи Грузија, Тбилиси, не е земја на Европската унија. Ние тоа го префрливме таму, имавме три ембриони и три неуспешни обиди кај три сурогат-мајки – раскажала Оља.
View this post on Instagram
– Кога слушнав за Марија Шерифовиќ и нејзиниот син, срцето ми се наполни, но во исто време ме стегна срцето затоа што поминавме толку многу, самиот трансфер на ембрионите и сè останато. Мислам дека сите парови кои се борат да имаат деца или кои се болни, би било убаво нашата земја да започне ваква програма. Сакав друга жена да ми го роди детето и тоа е во ред – изјавила потоа за „К1“.
Оља вчера на Инстаграм напиша:
– Години и години по лекари, бескрајни денови на вознемиреност, со години и денови истата реченица: „Тешко ќе станеш мајка, сериозни си болна, никогаш не сме имале случај како твојот, стараси, немаш добри јајце-клетки…“. Веќе една деценија ги гледам децата на моите пријателки и познанинчки и потајно плачам дома, затоа што си помислувам: „Боже, зошто не сум ти доволно добра за да бидам мајка, зошто ме оставаш без детска насмевка и прегратки, зарем моето срце да оди во гроб без да го слушнам тоа – мамо, те сакам…“. Кога исплакав море од солзи и решив да се посветам на моите и на туѓите кучиња, Богородице, ти ме благослови. Кога мислев дека мојата улога на овој свет е запишана, ти ме демантираше. Ти покажа дека медицината и скапите доктори немаат поим!
– Никогаш не сум била некој голем верник, но Господ покажа дека има милост и дека моето бебе е божјо чудо… Драги мои идни мајки, не дозволувајте некој да ви каже дека не можете! Можете да направите сè! Јас сум жив пример! – навела потоа таа во описот на објавата на Инстаграм, а се снимала додека лее солзи радосници.
– По долгогодишна борба и ин-витро оплодување дознав дека сум бремена по природен пат! Бев убедена дека имам рак и дека крајот е близу – истакнала Оља.