9.8 C
Скопје
12:02 - 18 декември, 2024

Тамара првпат за случката со химната: Толку многу ме мразеа. Веруваа дека сум се продала!

Тамара Тодевска на фестивалот „KengaMagjike“, кој се одржува во Тирана, Албанија, беше прогласена за најдобар интернационален артист.

На фестивалот се претстави со нејзината нова песна „Monsters“, чии автори се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот е на Коста Петров.

Непосредно пред настапот на фестивалот, Тамара даде интервју за порталот Wiwibloggs, и за првпат проговори за немилата случка при изведувањето на химната во Американската амбасада во Скопје.

„Мислеа дека некој ми рекол да го направам тоа, дека некој ми платил. Јас пеев таму без хонорар“, рече Тамара.

Додаде дека била нервозна поради изведбата и дваесетина минути пред настапот, татко ѝ ѝ рекол да го разгледа текстот. Поради стресот околу подготовките, Тамара рече дека заборавила дека химната на Македонија со текот на годините се менувала.

„Проверив на Сафари и всушност сум ја прочитала погрешната верзија“, додаде Тамара.

„Го измешав текстот и тогаш започна омразата. Толку многу ме мразеа. Тој период кога требаше да бидам среќна поради сè што се случи, да бидам горда на себеси, бев заклучена во четири ѕида. Се прашував што се случи“, се присети Тамара.

„На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија сè, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ додаде  Тамара за Wiwibloggs.

Слични објави

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

(Видео) Кралот Чарлс на тајна древна духовна церемонија во борба со ракот: Медитација, јога и други активности за подмладување

еспресо
Се вчитува....