5.8 C
Скопје
02:14 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Снег и во Скопје! Еве кога…

– Како што веќе најавивме, утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски, во првите денови од следната недела под влијание на студена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите места и планините истите локално ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....