05:49 - 12 април, 2025

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Снег и во градовите! Спремете се за голем студ до минус 10, и за скијање! Еве точно кога…

– Вечерва и во текот на ноќта врнежите од запад ќе се прошират насекаде и ќе бидат НАЈИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини ќе врне снег, додека локално ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува и умерен до засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите вечерва и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени, вели метео прогнозерот Славо Попоски.

Утре и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Локално е можна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Според Попоски, под влијание на СТУДЕН БРАН од север, во вторник ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира снежна покривка, а на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Услови за провејување на снег во вторник ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

– Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ  и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа поради разведрувањето во среда наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од – 9 до 0 степени. На планинските места истите ќе се спуштаат и под – 10 степени, вели Попоски.

И во Скоспкиот регион утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, додека во вторник ќе дува засилен северен и северозападен ветер а температурите значително ќе се намалат, со што услови за локално провејување на снег ќе има и во Скопскиот регион. Температурите ќе се искачуваат до околу 13 степени, а од вторник истите ќе се спуштат на 6 степени. Во среда наутро ќе биде студено и минималната температура ќе се спушти до околу – 4 степени.

НАПОМЕНА: Со овој студен бран, доаѓа и првото поголемо количество на снег на скијачките центри, па затоа доколку сте Љубители на скијањето и на снегот, искористете го ваквото време во текот на следниот период.

Слични објави

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ во многу непријатна ситуација: Катарина отворено призна што ѝ смета кај нејзиниот сопруг

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ купија вила од милион долари: Погледнете го луксузот во кој живеат

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара ужива во луксузен стан од 200.000 евра во Нови Сад! Мебелот вреди цело богатство

Еспресо

„Никогаш не сум побрзо пропаднала, како овие два месеци! Кристина Ковач загрижена за своето здравје, откри со што се бори

Еспресо

Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откри дека боледува од неизлечива болест

Еспресо