11.8 C
Скопје
02:06 - 25 април, 2024

ВЛАТКО МИТРЕВСКИ, МАХЕР ЗА ДРВЕНИ МАЈСТОРИИ КОРИСНИ ЗА ДВОРОТ И ДОМОТ: Сон ми е да изработам маса само од дрво, без ниеден штраф!

По професија е фармацевт, работи во аптека, но љубовта кон изработката на дрво која ја имал од мал, продолжил да ја негува низ годините, а денес е вистински махер за изработка на дрвени полици, жардинерии и други мајстории – корисни и практични елементи од дрво.

– Професијата си ја одредив според желбата за судска медицина, но сепак поради одредени околности во нашата држава работите не се одвиваа според плановите и одлучив да остане на фармација поради интересот околу лековите и како тоа истите колку што се лек можат да бидат и отров за едно тело. Љубовта пак, кон изработките од дрво, се појави уште во најмала возраст, од 8-9 годишна возраст. Се појави сама по себе. Занаетот го изучува и сè уште го изучувам од разни прирачници и онлајн курсеви, и можам да кажам дека, сега за сега, доволно добро го совладав – ја започнува звојата занаетчиска приказна Влатко Митревски. 

Сигурно треба да си и љубител на цвеќе за да дизајнираш сталажи за цвеќиња, ги следиш ли светски трендови на дизајн и што моментно тие ни диктираат?

– Љубовта кон цвеќето потекнува од самата љубов кон природата и тоа што таа го нуди. При изработката на полица за цвеќе мораме да ги земеме во предвид сите околности, на пример, какво цвеќе ќе се постави, неговата големина, просторот каде истата ќе биде поставена, како и самата желба на клиентот. Во тек сме со трендовите низ светот, особено на пазарот во САД, каде што оваа професија го достигнува самиот врв, па оттука може да го понудиме најдоброто на нашиот пазар

Кои материјали најчесто ги употребуваш и колку трае изработката на една жардинерија, а колку на дрвена полица за цвеќе? Што е потешко за изработка?

– При изработка на нашите производи користиме исклучиво сув шведски бор или бел бор. Периодот за изработка на жардинерија и полица за цвеќе трае 3-4 дена, можеби и побрзо, во зависност од сложеноста на производот.

За кои полици за цвеќе може да се каже дека се висококвалитетни?

– Висококвалитетни полици за цвеќе се оние кои што можат да издржат поголема тежина како и промена на клима, да можат зимно време да се внесат, а напролет и во лето да бидат изложени на сонце или дожд и да не покажат никаква промена. Исто така, на пазарот се појавуваат голем број на полици од бамбус за кои би рекол дека немаат допирна точка со издржливост.

Изработуваш и други декоративни елементи за двор, како на пример, дрвени фенери. Во што е нивната приказна?

– Да, изработувам и дрвени фенери. Идејата за нив, како и за останатите помали изработки, произлезе од тоа што има голем број на луѓе кои сакаат да внесат дел од природно дрво во својот дом, но немаат доволно простор. Поради тоа, преку овие помали производи сакавме да им излеземе во пресрет и да ја затоплиме атмосферата во нивниот дом.

Колку рустикалноста се враќа во мода и во што е нејзината посебност при оплеменување на двор или простор?

– Околу тоа колку рустикалноста се враќа во мода, можеме да забележиме повеќе во скандинавските земји како и во САД. За жал, во Македонија тоа се одвива малку побавно, но сепак, се движиме кон целта со некои од нашите производи да го придобиеме и вкусот на нашите потрошувачи, бидејќи има голем број кои што изгледаат едноставно, а сепак доколку се изработени професионално се вистинско уметничко дело примамливо за сечиј вкус.

Заинтересирани ли се Македонците за домашни библиотеки, особено за модерни дизајни кои се актуелни во светот?

– Би сакал да кажам дека имаме најголем интерес за полиците за книги, посебно за моделот кој што го внесовме први на пазарот во Македонија – пример за тоа како нешто може да е функционално, убаво изработено од природен материјал, и да не зазема голем дел од просторот на домот.

Кој ти е следен предизвик за изработка од дрво, можеби куќичка на дрво?

– Можеби да, но повеќе би поставил цел за изработка на нешто малку посложено. На пример, маса изработена само од дрво, со голема вештина, без употреба на ниту еден штраф.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....