21:15 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температурите растат! Проверете до колку степени…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, вели мето прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени. Потоа од утре, па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Според Попоски, на планините ќе има повремени врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека малку пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....