7.7 C
Скопје
00:14 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу ниски температури, паѓаат до минус…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски, до петок времето ќе се задржи сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури особено утре и во четврток ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.
Нешто повеќе облачност ќе имаме за време на викендот кога поради јужното воздушно стуење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....