18:22 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Го чекаме снегот во Скопје, еве кога точно доаѓа!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Претпладнево особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Според Попоски, услови за повремени слаби локални врнежи од снег ќе има за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....